test test testff Рузмарин - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Рузмарин
lat. Rosmarinus officinalis

Рузмарин е зимзелена грмушка со остри листови како игли,со бледо сини цветови. На почетокот рузмарин растел само на сува медитеранска клима и делови од Азија, но денес се одгледува и на остатокот од Европа и Северна Америка.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Рузмарин е неизоставен дел за подготовка на риба на скара и во подготовка на месо, особено пилешко и јагнешко месо. Пред печење, можете да додадете рузмарин заедно со другите зачини за месо. Сушените листови од рузмарин чувајте ги во цврсто затворен сад на ладно, темно и суво место до 6 месеци. Со оглед на тоа што има изразено јака и горка арома, потребно е постепено да го додадете во јадења. Со додавање на лук, бибер или кора од лимон може да се ублажи мирисот на рузмаринот.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Фокачо
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Суфле од компир со печен лук и сирење
Топлото суфле покриено со крцкава сланина во прв план и со лукче во втор план послужете ги и препуштете му се на уживањето со лесна закуска во ноќните часови.

Состојки

  • 1 поголема главица лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • 1 голем компир (околу 250 g)
  • 50 g путер
  • 25 g меко брашно Podravka
  • 130 ml млеко
  • 4 јајца
  • 70 g рендано сирење (gruyère)
  • ¼ лажица Vegeta Maestro рузмарин
  • ¼ лажица Vegeta Maestro мајчина душичка
  • Vegeta Maestro црн бибер
  • 50 g сланина Podravka

Подготовка

1. чекор

На главицата лук исечете и ги краевите, исечете ја на пола и ставете ја на фолија. Прелијте со маслиново масло и посолете. Замотајте ја во фолија и печете 35 минути во предходно загреана рерна на 180 °C. Омекнатиот лук извадете го од лушпата и изгмечете го.

2. чекор

Излупете го компирот, исечете го, полијте го со вода, насолете и ставете да се вари. Варениот компир исцедете го, додадете го подготвениот лук и направете пире. Оставете да се излади.

3. чекор

Садoвите за суфле ( 4 садови ) премачкајте ги со растопен путер и ставете ги во фрижидер.

4. чекор

Останатиот путер (40 g) растопете го во сад, додадете брашно и кратко испржете. Потоа дотурете млеко и мешајте додека да згусне.

5. чекор

На компирот додадете му ги жолчките, подготвената смеса, сирење, рузмарин, мајчина душичка, мелен бибер и промешајте. Белките изматете ги во цврст снег и постепно измешајте ги во смесата од компири.

6. чекор

Садовите за суфле ставете ги на лим и во нив распоредете ја подготвената смеса. Печете околу 25 минути во предходно загреана рерна на 180 °C, да добијат златна боја.

7. чекор

Сланината исцекајте ја на мали коцки и пропржете ја.

Послужување

Послужете го топлото суфле наросено со крцкава сланина.

Совет

Садовите за суфле наполнете ги скоро до врв. Во тек на печењето суфлето ќе се подигне, но по пет минути ќе падне.
Потпечен спанаќ со сардини
Потпечениот спанаќ со сардини од рерна исечете го на коцки и послужете го со пармезан.

Состојки

  • 2 конзерви EVA сардини во маслиново масло ( 2х115g )
  • 600 g спанаќ
  • 25 g путер
  • 2 јајца
  • 50 g рендан пармезан
  • 100 g кисела павлака
  • ¼ лажица Vegeta Maestro иситнет рузмарин
  • ½ лажица сол
  • Vegeta Maestro црн бибер мелен

Подготовка

1. чекор

Спанаќот исчистете го добро, измијте го и ставете да се вари во солена вода. Варете 1 минута, претурете го во цедалка и оставете го добро да се исцеди.

2. чекор

Ставете го во електричен блендер, додадете рузмарин, сол и бибер, па се заедно добро исецкајте.

3. чекор

Додадете го омекнатиот путер, изматените јајца, киселата павлака, заедно со пармезанот и добро промешајте.

4. чекор

Огноотпорниот сад (20x20 cm) премачкајте го со путер, па во него наредете ги исцедените сардини, а врз нив внимателно распоредете го подготвениот спанаќ. Распоредете го рамномерно.

5. чекор

Печете во загреана рерна на 190°C од 30-35 минути.

Послужување

Извадете го од рерна, внимателно цела содржина превртете ја на даска за сечење, исечете на коцки и послужете.

Совет

Спанаќот измијте го со ладна вода за да ја зачувате убавата зелена боја.
Мисиркино месо со сос од печурки
Мисиркиниот стек во сос од печурки, со зелен аспарагус и компир совршено ќе се вклопат во денешниот ручек.

Состојки

  • 600 g мисиркин стек
  • сол
  • Vegeta Maestro црн бибер
  • малку Vegeta Maestro рузмарин
  • ½ лимон
  • 2 лажици масло

За фил:

  • 250 g печурки
  • 2 лажици масло
  • 1 Fant сос од печурки

Подготовка

1. чекор

Мисиркиниот стек насолете го, посипете со бибер, рузмарин, попрскајте со лимонов сок и ставете масло. Оставете кратко да се маринира.

2. чекор

Месото ставете го на загреана тава за скара и пропржете на средно јак оган од сите страни. Месото извадете го од тавата и оставте го покриено настрана.

3. чекор

Во друга тава на загрено масло ставете грубо исечени печурки и кратко пропржете ги со постојано мешање.

4. чекор

Ставете 250 ml ладна вода и истурете ја содржината од Fant вреќичката. Мешајте со маталка додека сосот не зоврие.

5. чекор

Варете на тивок оган 5 минути со постојано мешање.

Послужување

За послужување, на секој стек ставете 1-2 лажици сос од печурки и послужете со зелен варен аспарагус и варен компир.

Совет

Мисиркиниот стек добро испржете го пред да го свртите на другата страна. Така нема да ви се залепи за тавата.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Во античка Грција, студентите ставале рузмарин на главите за да им помогне за време на испитите. Две илјади години подоцна, научниците докажаа дека рузмаринот навистина ја стимулира меморијата.

Една од најважните состојки на унгарската вода што се користи денес, која кралицата Елизабета во Унгарија ја користеше за ублажување на болката предизвикана од гихт и реума, но и како парфем и средство за подмладување.

Пред откривањето на фрижидерот, рузмаринот се обвиткувал околу месо и друга храна за подолго траење, квалитет и вкус. Тој исто така се користи како заштита од штетници како комарци, муви и молци.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Според легендата, Унгарската водичка со рузмарин била толку делотворна за кралицата Елизабета што 24-годишниот полски крал се заљубил во неа. Кралицата во тоа време имала 72 години.  
Во Англија рузмаринот бил симбол на верност, па така тој им се поклонувал на невестата и младоженецот како подарок на свадбата.
Рузмаринот долго време се користел за време погребните обреди. Ожалостениот фрла рузмарин во гробот во спомен на починатиот.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки