Мајчина душица е грмушка, растение кое е сродно со ориганото. На овој зачин му треба многу светлина и топлина и најчесто се среќава на карпести падини и ливади во Медитеранот. Мајчина душица цвета од мај до септември, или со појавата на првиот мраз.
Состојки
- 2,5 кг свински гради без коски со кожа (царско месо)
- Сол
- Црн бибер Vegeta Maestro
- 100 гр спанаќ
- 140 гр наут Podravka
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сушена мајчина душичка Vegeta Maestro
- 50 мл маслиново масло
- 100 мл бело вино или пиво
- 1 лажица Vegeta
Подготовка
1. чекор
Измијте го царското месо, исушете го со хартиена крпа, а потоа втријте Vegeta, сол и бибер во внатрешната страна, а сол само од надворешната страна.2. чекор
Измијте го спанаќот и исечкајте го на помали парчиња, а потоа бланширајте го кусо во зовриена солена вода или ставете го на топла тава додека малку не потемни. Исцедете го добро и заедно со исцедениот наут, иситнетиот лук и мајчината душичка ставете ги во електричнo сецко. Сето тоа нежно иситнете го и додајте го во внатрешната страна на месото.3. чекор
Внимателно завиткајте во ролат и врзете го со конец за готвење. Порчетата ставете ја во соодветна тава за печење, лесно прелејта ја со маслиново масло и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 160 ° С.4. чекор
Печете околу 2,5 часа, подлевајте со вино па засилете на 200 ° C и печете уште 20-25 минути за да добиете убава крцкава кора.Послужување
Послужете со прилог по желба.Совет
За време на печењето повремено по потреба додајте малку топла вода за месото да биде посочно.Состојки
- 1 Fant за ќофтиња
- 150 гр тиквички
- 500 гр мешано мелено месо (свинско, телешко)
- ¼ од лажичка мајчина душица Vegeta Maestro
- Mасло за пржење
- 300 гр моркови
- 500 гр тенка зелена боранија
- Сол
- 2 лажици маслиново масло
За сосот:
- 150 мл црвено вино
- 150 мл оцет балсамико
- 3 лажици шеќер
- 2 чешниња лук
Подготовка
1. чекор
Содржината на вреќичката Fant измешајте ја со 150 мл млака вода и оставете ја неколку минути.2. чекор
Изрендајте ги тиквичките на крупната страна од рендето и посолете ги. На меленото месо додајте Fant, тиквичките од кои добро сте ја исцедиле вишокот течност и мајчина душичка. Добро промешајте ја смесата и обликувајте ги ќофтињата.3. чекор
Во солена вода сварете ги морковите исечкани на стапчиња и боранијата, потоа исцедете ги и прелијте ги со маслиново масло.4. чекор
За сосот загрејте ги црвеното вино и оцетот балсамико, додајте го шеќерот, лукот и гответе на тивок оган. Кога сосот ќе се намали на половина, тргнете го од оган и оставете го настрана.5. чекор
Ставете ги ќофтињата на загреано масло во тава и пржете додека не поруменат.Послужување
Послужете ги со зеленчук и прелијте ги со сос.Совет
Оцетот балсамико има богат слатко-кисел вкус. Со неговото додавње ќе го намали количеството сол во вашата храна, бидејќи го потенцира чувството на соленост.Состојки
- 4 резанки рамстек
- Сол
- Црн пипер Vegeta Maestro
- ¼ од лажичка иситнета мајчина душица Vegeta Maestro
- 50 мл црвено вино
- 3 лажици маслиново масло
За прилог:
- 200 г камут
- Сол
- 2 лажици маслиново масло
- 400 г резанки од цвекло Podravka
- 2 портокали
- 120 г скута
- 2 лажици мед
- 2 лажици јаболков оцет
- 2 лажици ливчиња бадеми
- Неколку ливчиња свеж босилок
Подготовка
1. чекор
Посолете ги резанките, посипете со црн бибер, мајчина душичка и прелијте ги со вино и маслиново масло. Оставете ги да се маринираат на собна температура 30 минути.2. чекор
За тоа време, ставете го камутот во посолена вода. Откако ќе се свари, исцедете го и оставете да се излади. Исцедете го цвеклото, додајте ги камутот и маслиновото масло.3. чекор
Излупете ја кората на портокалите (филетирајте), исечете ја скутата на коцкички и додајте ја на прилогот. Прелијте со мед измешан со јаболков оцет.4. чекор
Печете ги резанките на загреана подмачкана тава, на посилен оган додека не поруменат од двете страни.Послужување
Послужете ги резанките со прилог од камут и цвекло. Посипете со тостирани ливчиња од бадеми и свеж босилок.Совет
Цвеклото можете кусо да го исплакнете под млаз вода за да не биде толку кисело.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Во минатото тој се користел како лек за несоница и кошмари. Мала перница наполнета со мајчина душица се ставала во близина на креветот,но и пред спиење се пиела една шолја чај од овој зачин.
Етеричните масла од мајчина душица, особено тимол, се користат во борбата против инсекти. Кожата ја штитат од каснувања од комарци, како и облеката од молци.
Поради своите антисептички својства, може да помогне во борбата со бронхитис, болки во грлото и кашлица. Исто така, може да дејствува превентивно, па затоа се препорачува чај од мајчина душица во сезона на грип.