test test testff Каенски пипер - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Каенски пипер
lat. Capsicum annuum

Каенски пипер е зачин кој е добиен со мелење каенски пиперчиња. Зрелите плодови имаат светло црвена боја и на скалата Scovill припаѓаат на категоријата на умерено лути пиперчиња. Ова растение се одгледува низ целиот свет, главно во Индија, Мексико и Источна Африка.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Каенскиот пипер може да се додаде во природен сок од портокал или од домати. Покрај својот богат, егзотичен вкус, овој коктел е полн со витамини и помага во регулирање на крвниот притисок. Бидете внимателни со количината на каенски пипер - потребно е некое време за рецепторите да се навикнат на лутината. Можете исто така да го додадете во јадењето подоцна ако сметате дека не е доволно луто. Каенскиот пипер може да се додаде во различни сосови, како и мешавини за панирање. Бидете креативни, оригинални и уживајте во пикантниот вкус на оваа здрава храна.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Браунис со каенски пипер
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Ќофтиња од булгур со сос
Ви предлагаме да ја пробате оваа варијанта на ќофтиња од егзотичниот булгур со додавање сос од мајонез, сок од лимета и слатка павлака. Во ова јадење особено ќе уживаат љубителите на лутиот вкус.

Состојки

За ќофтињата:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 50 г кромид
  • 1 лажичка Vegeta Natur
  • 100 г булгур
  • 300 мл вода
  • 2 јајца
  • 120 г бел грав во конзерва Podravka
  • 40 г сечкани ореви
  • Малку ким
  • 2 иситнети чешниња лук
  • ¼ каенски пипер Vegeta Maestro
  • 2 лажици сечкан коријандер или магдонос
  • Сол
  • Мелен црн бибер Vegeta Maestro
  • 2 лажици масло за печење

За сосот:

  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажичка сок од лимета
  • 1 лажица сечкан власец
  • Сол

Подготовка

1. чекор

Ставете го исечканиот кромид на загреано маслиново масло и пропржете го додека не добие златно- жолта боја.

2. чекор

Додаjте Vegeta Natur, булгур и залејте вода. Гответе во покриен сад на тивок оган додека водата не се апсорбира (околу 15 минути).

3. чекор

Ставете го булгурот во посебен сад и оставете малку да се излади.

4. чекор

Изматете ги јајцата и заедно со исцедениот грав, ореви, ким, лук, каенски пипер и сечкан коријандер измешајте ги заедно со булгурот. Зачинете со сол, бибер и формирајте ќофтиња.

5. чекор

Печете ги ќофтињата на подмачкана тава се додека не добијат златна боја.

За сосот:

1. чекор

Измешајте слатка павлака со мајонез, сок од лимета и сечкан власец. На крајот, додајте сол по потреба.

Послужување:

Послужете ги ќофтињата со подготвениот сос.

Совет

Наместо бел грав, можете да употребите наут од конзерва која ако е добро сомелен ќе го врзе булгурот.
Полнето авокадо
Полнето авокадо е совршен мал оброк за крајот на денот или за летно освежување. Содржи милерам, мајонез, шкампи (или туна) и зачини. Како омаж на зелената боја – послужете на лист салата.

Состојки

  • 3 авокада
  • 3 лажици сок од лимон
  • сок
  • Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro
  • 400 гр чисти замрзнати опашки од шкампи

За сосот:

  • 90 г мајонез
  • 2 лажици милерам
  • 1 и ½ лажица од доматно пире Podravka
  • 1 лажица бренди
  • Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro

За послужување:

  • 6 лисја од зелена салата
  • 1 лажица сечкан магдонос

Подготовка

1. чекор

Излупете ги авокадата, исечете ги на половина, извадете им ги семките, капнете им сок од лимон, зачинете ги со сол и бибер.

2. чекор

Варете ги опашките од ракчиња во малку солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна да се изладат.

3. чекор

Добро измешајте ги мајонезот, милерамот, доматното пире, брендито и каенскиот пипер.

4. чекор

Со подготвениот сос измешајте ги варените опашки од ракчиња.

5. чекор

Пополнете ја секоја половина авокадо со подготвениот сос со опашки од ракчиња.

Послужување:

Полнетите авокада сервирајте ги на лист зелена салата и декорирајте со сечкан магдонос.

Совет

Може да ги замените опашките од ракчиња со туна EVA од конзерва.
Тавче гравче
Тетовец е вистинското гравче за на тавче. Кој смета дека е доволно само да се свари гравот, да се направи запршка, па да се пече, е во голема заблуда. Тавче гравче бара ангажман, а да биде подобро подготвено за љубителите е повеќе од остриги и тартуфи.

Состојки

  • 2 лименки бел грав Podravka (2 х 400г)
  • 400 г суви ребра
  • 3 лажици масло
  • 200 г кромид
  • 300 г свежи црвени пиперки
  • Гранули од лук Vegeta Maestro
  • Каенски пипер Vegeta Maestro
  • 200 г свежи домати
  • 1 лажичка мелена слатка пиперка Vegeta Maestro
  • 1 лажичка Vegeta
  • 2 лажици сечкан магдонос

Подготовка

1. чекор

Исечете ги сувите ребра на помали парчиња и варете ги. Зачувајте ја течноста во која се готвеле ребрата.

2. чекор

Пропржете го исечканиот кромид во масло, прелијте го со течноста во која се вареше месото и гответе на тивок оган околу 15 минути.

3. чекор

Потоа додадајте ги исечените свежи пиперки, лукот, каенскиот пипер и доматите. Гответе го зеленчукот околу 10 минути.

4. чекор

Потоа додадете црвена пиперка, Vegeta и брашно. Прелејте сѐ заедно со околу 300 мл супа во која се готвеше сувото месо и варете.

5. чекор

Ставете го гравот во соодветна тава за печење, додајте го пржениот зеленчук, варените ребра и нежно измешајте. По потреба додајте ја преостаната течност во која се вареше сувото месо или топла вода.

6. чекор

Наросете една лажица сечкан магдонос и печете во рерна загреана на 200 ° C околу 25 минути.

7. чекор

Извадете го печениот грав и, пред послужување, оставете го да отстои околу 10 минути.

Послужување

Посипете врз гравот со преостанатиот магдонос, а по желба сервирајте со салата.

Совет

Содржината на тавата со грав пред печење не треба да биде „пресува“.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Каенскиот пипер се користел како прва помош наместо лепенка за рани. За неговата активна состојка се вели дека го изедначува крвниот притисок и се препорачува да ја испрскате раната со мешавина од вода и каенски пипер при крварење.

Овој егзотичен зачин се користел и како средство за ублажување на болка. Се верува дека капсаицинот ги блокира активните супстанции кои пренесуваат информации за болка во мозокот.

Исто како чилито, каенскиот пипер се користи за загревање на телото во екстремно ладни услови, бидејќи се верува дека неговите активни состојки го забрзуваат метаболизмот и ја стимулираат циркулацијата.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Никогаш не се натпреварувајте во конзумирање на каенски пипер со вашите пердувасти миленици, сигурно ќе изгубите! Поточно, птиците немаат рецептори за капсаицин, состојка што ја прави оваа пиперка исклучително лута.  
Црниот и кајенскиот пипер навистина немаат ништо заедничко - до збунувачката номенклатура настана поради Кристофер Колумбо, кој кога го донесе во Европа, го прогласи овој зачин за бибер заради неговата слична „луткаста“ арома.
Научниците веруваат дека лутината на пиперките е всушност нивниот одбранбен механизам. Со помош на лутата материја која ја содржат, тие се штитат од инсекти и не ја ограничуваат нивната способност да се репродуцираат затоа што птиците се имуни на капсаицин.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки