test test testff Димена пиперка - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Димена пиперка
lat. Capsicum annuum

Димената пиперка се добива, како и сите други сродни зачини, со сушење на растението Capsicum annuum. Специфичниот начин за добивање на овој зачин доаѓа од шпанскиот регион Ла Вера: поради влажната и студена есенска клима пиперките не можеле да се сушат во воздухот, па лозарите ги сушеле на чадот од даб.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Димената пиперка може да се додаде во чорби,гулаши, паприкаш или варива да ги збогати со сладуњав, димен вкус. Иако овој зачин несомнено им одговара на многу намирници, особено добро се сложува со вкусовите на пушена пиперка и риба. Пробајте да додадете димена пиперка во јадења со риба и рижота со морски плодови. Додадете лажичка димена пиперка во вообичаениот дрединг за салата и внесете освежување во домашната кујна. Слатката арома на пиперката ќе ја направи салатата исклучително вкусна и интересна.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Лути тријаголници
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Лути пилешки крилца со сос
Лути пилешки крилја со сос од тиква е совршено јадење за забавна ноќ со маски за Ноќта на вештерките.

Состојки

  • 700 гр пилешки крилца
  • 2 лажички чили Vegeta Natur
  • 2 лажици масло
  • Сол
  • Малку шарен бибер Vegeta Maestro
  • 2 лажици цветeн мед
  • 2 лажички оцет
  • 1 лажичка сува пиперка Vegeta Maestro
  • 2 млади кромитчиња

За сосот:

  • 1 крем-супа од тиква Podravka
  • 100 мл слатка павлака
  • 150 г ориз со округли зрна
  • 2 лажици потпечени семки од тиква
  • 2 лажици масло од тиква

Подготовка

1. чекор

Зачинете ги крилцата со чили Vegeta Natur и ставете ги во подмачкана тава. Покријте и печете во загреана рерна на 200 ° C 20 минути.

2. чекор

Потоа измешајте мед, оцет, сува пиперка и бибер. Премачкајте ги крилцата со оваа смеса и вратете ги во рерната (откриени) за да се испечат и да станат крцкави.

3. чекор

За тоа време, содржината на вреќичката со супа додајте ја во 400 мл ладна вода и загрејте до вриење со мешање. Додајте ги слатката павлака и морското оревче, и оставете да се свари 5 минути.

4. чекор

Сврете го оризот, исцедете го и ставете го во калапот.

5. чекор

На чинија за сервирање ставете ги сосот, крилцата во форма на лилјак и посипете со исечкано младо кромитче.

Послужување

Оризот со помош на калапот ставете го на чинијата, посипете со семки од тиква и додајте масло од тиква.

Совет

Можете да креирате своја сопствена чинија за да ја направите уште поефектна за Ноќта на вештерките.
Пилешки карабатаци во кадифест сос
Сосот од слатко бело вино и фина павлака ќе го направат ручекот кадифесто доживување бидејќи малите парчиња печење создаваат совршена комбинација со вашиот омилен пијалок.

Состојки

  • 6-8 карабатаци без коски
  • 1 супена лажица чили Vegeta Natur
  • 3 лажички димена пиперка Vegeta Maestro
  • 2 лажици масло
  • Листови жалфија
  • Црвен кромид
  • 100 мл слатко бело вино
  • 70 мл павлака за готвење

Подготовка

1. чекор

Засечете ги батаците да бидат потенкии. Посипете ги со чили Vegeta Natur, а потоа и со димена пиперка.

2. чекор

Ставете го маслото на загреана тефлонска тава, загрејте го и ставете ги подготвените пилешки батаци. Кога ќе станат крцкави на долната страна и кога ќе се одвојат од тавата, превртете ги и печете уште малку.

3. чекор

Додајте ги грубо исечканите лисја од жалфија и пржете додека не станат крцкави. Потоа додајте го ситно исечканиот црвен кромид, пржете додека не омекне и пушти сок, а потоа полејте со марсала или друго слатко вино.

4. чекор

Пржете кусо додека испари виното и да се соединат состојките, а потоа извадете го месото од тавата.

5. чекор

Додајте ја павлаката за готвење во сосот колку што е потребно да стане кремаст, додајте по потреба малку топла вода или супа.

Послужување

Ставете ги батаците на чинија за сервирање, додајте го сосот, варените компири и сервирајте ги со разновидни и разнобојни салати (целер, цикорија, поточарка).

Совет

Жалфијата е полна со миризливи етерични масла. Доколку ја ставите под кожата на батаците, ќе им даде рафиниран вкус и одлична арома.
Пилешки паприкаш со димена пиперка деликатес
Постигнете ја онаа посебна нота на вкус со деликатесната димена пиперка што на секое јадење, па дури и на пилешката чорба, го дава оној посебен шарм што може да го обезбеди само јадење направено во старинските лонци и подготвено на вистински оган.

Состојки

  • 3 лажици маслиново масло
  • 100 г кромид
  • 100 г моркови
  • 50 г корен од целер
  • 100 г свежи црвени пиперки
  • 1 ловоров лист Vegeta Maestro
  • 4 батаци со карабатаци
  • 1 лажица Vegeta
  • 200 г компири
  • 3 чешниња лук
  • 3 лажички сушена пиперка Vegeta Maestro
  • 1 супена лажица двоен концентрат од домати Podravka
  • 150 мл павлака за готвење
  • 1 лажица густин Dolcela
  • 1 лажичка црн мелен бибер Vegeta Maestro
  • 2 лажици сечкан магдонос

Подготовка

1. чекор

Пржете го ситно исечканиот кромид во загреано масло. Додајте ги морковите исечкани на кругчиња, целерот и пиперката исечкани на коцкички, листовите од ловор и сѐ заедно кусо пропржете.

2. чекор

Одделете ги батаците од карабатаците, измијте ги, исушете ги, втријте им Vegeta и додадете му ги на зеленчукот.

3. чекор

Пржете десетина минути на тивок оган со постојано мешање и на крај додадете ги компирите исечкани на коцкички, иситнетиот лук, посипете со зачин димена пиперка и гответе уште 5 минути.

4. чекор

Залејте со топла вода доволно за да го прекриете месото и зеленчукот и гответе на тивок оган со затворен капак.

5. чекор

Пред крајот промешајте го концентратот од домат. Павлаката измешајте ја со густинот и додајте ја во чорбата со непрекинато мешање. Оставете да зоврие.

Послужување

Служете наросено со бибер и магдонос.

Совет

Не заборавјте да додате димена пиперка деликатес затоа што токму таа на оваа чорба ќе ѝ даде малку поинаква нота.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Пиперката често пати се користела во изработка на маски и креми за лице против брчки, како средство за подмладување. Денес знаеме дека „анти-ејџинг“ својствата на пиперката се резултат на витаминот А и бета-кератинот со кои оваа храна е богата.

Пиперката во минатото се користела за лекување на проширени вени. Се верува дека овој зачин ги зајакнува крвните садови и има позитивен ефект врз циркулацијата.

Ако немате при рака апчиња за спиење, можете да користите пиперка. Витамин Б6, со кој е богат овој зачин помага во производството на хормонот мелатонин кој нежно ве успива.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Пиперката е една од главните состојки на традиционалната унгарска кујна и присутна е таму повеќе од 400 години. Иако овој зачин доаѓа од јужноамериканскиот континент, Турците го донеле во Унгарија на почетокот на 17 век.
Традиционалната шпанска колбасица, попозната како „Chorizo“, својот специфичен вкус и го должи благодарение на димената пиперка.
Во унгарскиот град Калоска, една од најголемите атракции е Музејот на пиперките. Секој октомври во овој град се одржува фестивал на пиперка, каде што може да се запознаете со најразличните варијации на овој зачин.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки