ЗАЧИНИ ЗА ИНСПИРАЦИЈА
Чили
lat. Capsicum annuum
Чили зачинот се добива од чили пиперчиња кои се сушат, а потоа се мелат во прав. Истражувањата покажаа дека ова растение се одгледувало во далечното Мексико пред дури 6000 години, а европската кујна е збогатена со чили благодарение на Кристофер Колумбо кон крајот на 15 век.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Кај чили од суштинско значење е да се задржи неговата боја и свежина. Затоа, мора да се чува на ладно, темно место, може се чува во фрижидер за да го задржи својот спечифичен мирис.
Не треба да ја ограничувате употребата на чили само во мексиканската кујна бидејќи добро оди и со некои десерти. Зачинете го топлото чоколадо со чили во прав за волшебна комбинација на вкусови.
Чили е најдобро да се додаде во јадењата на почетокот од готвењето за нивниот вкус да се почувствува во целиот оброк, особено ако сте фан на пикантен вкус.
Бидете внимателни да не го замените обичното со чили каенски пипер, што е со сличен изглед. Овој зачин, исто така, се добива со мелење пиперки, но полути дури 8 пати! Сигурно не сакате да го запалите непчето на вашите гости.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Чили мус
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Fun Facts