Кари е зачинска мешавинакоја може да содржи 5-30 различни видови на зачини. Основата се состои од коријандер, куркума, ким и тилчец. Други зачини како ѓумбир, лук, каранфилче се додаваат во зависност од преференциите на готвачот или во зависност од регионот.
Состојки
Сос:
- 250 мл Passata Podravka
- 100 гр путер од кикиритки
- 3 лажици мед
- 3 лажици соја сос
- 120 мл свежо исцеден сок од портокал
- ½ лажичка ѓумбир Vegeta Maestro
- 1 лажичка кари Vegeta Maestro
- 600 гр пилешки гради
- Сол
- ¼ од лажичка мелен црн бибер Vegeta Maestro
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажица магдонос Vegeta Maestro
- 4 лажици кикиритки
Подготовка
1. чекор
Добро се мешаат пасираните домати, путерот од кикиритки, медот, сосот од соја, сокот од портокал, ѓумбирот и карито.2. чекор
Измијте ги пилешкото гради, исушете ги, исечете ги на тенки резанки, лесно исчукајте ги, зачинете со сол и бибер. Подготвеното месо пржете го во загреано масло до златно жолта боја.3. чекор
Прелијте го месото со подготвениот сос и гответе го покриено на тивок оган околу 30 минути со повремено мешање и долевање вода.4. чекор
На крајот, посипете со магдонос и грубо мелени кикиритки.Послужување
Послужете со варен ориз.Совет
Можете сами да подготвите путер од кикирики: 90 г печени солени кикирики, 1 лажичка мед од Podravka и 1 лажица путер. Кикириките сомелете ги во мултипрактик, додајте мед и путер и сè добро измешајте.Состојки
- 100 мл паста од кромид
- 60 мл масло
- 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
- 1 чешне лук
- 50 мл јогурт
- 1 лажичка мелен коријандер
- ½ -1 лажичка чили Vegeta Maestro
- ½ лажичка куркума Vegeta Maestro
- 100 ml Passatа Podravka
- 2-3 лажички сол
- 500 гр пилешко (без коски)
- 1 лажичка гарам масала
- 2 парчиња зелен кардамон
- 10 зрна црн бибер Vegeta Maestro
- 4-6 парчиња цело каранфилче Vegeta Maestro
- прстофат ким Vegeta Maestro
- 1 стапче цимет во кора Vegeta Maestro
- 1 лажица исечени свежи лисја од коријандер
- 1 зелена чили пиперка
Подготовка
1. чекор
Ако немате готова, пастатa од кромид сомелете ја во електричен сецко со додавање малку вода.2. чекор
Пропржете ја пастата од кромид на загреано масло, додадете ѓумбир, иситнет лук, јогурт, коријандер, чили, куркума, доматно пире и сол.3. чекор
Промешајте и додадете го исечканото пилешко.4. чекор
Прелејте со малку вода, а потоа додадете гарам масала, кардамон, црн пипер, каранфилче, ким и стапче од цимет.5. чекор
Гответе на умерена температура околу 15 минути додека пилешкото не омекне, а сосот да ја добие посакуваната густина.6. чекор
Пред сервирање, посипете со свежи лисја од коријандер и исечкана чили пиперка.Послужување
Послужете со варен ориз или леб без квасец.Совет
Наместо паста од кромид, можете да употребите околу 70 гр кромид рендан на ситната страна од рендето.Состојки
- 1,1-1,2 л врела вода
- ¼ лажичка ким Vegeta Maestro
- 100 гр исечкан кељ
- 100 гр бел грав Podravka
- 1 домашна супа со месо Podravka
Подготовка
1. чекор
Во зовриената вода додајте иситнет ким, кељ и грав и измешајте ја содржината на ќесичката со супа.2. чекор
Гответе 10 минути на умерена температура во полупокриен сад.3. чекор
Повремено промешајте.Совет
Ако сакате поинтензивен мирис на ким, пред да го додадете во супата, кратко пропржете го во тефлонско тавче.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Во традиционалната индиска медицина, кари се користи за да помогне во варењето на храната, како и за стимулирање на функцијата на црниот дроб.
Научните студии покажуваат дека редовното консумирање може да помогне во заштита од Алцхајмерова болест и други неуродегенеративни заболувања.
Бидејќи е составен од бројни зачини, кари може да биде корисен во борбата против разни инсекти, особено мравките.