test test testff Куркума - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Куркума
lat. Curcuma longa

Куркума потекнува од семејството ѓумбир. Го наоѓаме во дивината на шумите во Јужна и Југоисточна Азија, а денес можеме да го купиме засебно или како една од состојките на мешавината на зачини скоро во секој агол на светот.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
За оптимална апсорпција на здравите состојки од куркумата, најдобро е да се меша со масти, бидејќи во нив лесно се топи. На овој начин, нејзината арома подобро ќе продре во храната. Куркумата во кујната е многу практична, бидејќи таа им дава на јадењата убава жолта боја. Иако поради благиот вкус нема да ја превземе аромата на целиот оброк, но внимавајте на нејзиниот јак мирис. Најдобро е да ги зачувате здравите својства на куркумата ако ја додадете на самиот крај од готвењето, а со тоа и нејзината арома ќе остане поинтензивна. Иако шафранот се користи во многу рецепти, многумина го избегнуваат заради цената. Куркумата може да послужи како квалитетна замена затоа што бојата на јадењата ќе остане иста и вкусот нема да се промени многу.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Ориз со куркума
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Егзотично рижото со пилешко и куркума
Златното рижото сигурно ќе го оправда својот атрактивен изглед со совршени залчиња, затоа што кога куркумата и ѓумбирот се мешаат во класичните јадења, создаваат фузија која што го претвора оброкот во примамлива егзотична закуска од Азија.

Состојки

  • 1 Талијанета рижото со пилешко и куркума
  • 500 - 550 мл топла вода
  • 10 г путер или 1 лажица маслиново масло
  • 1-2 моркови
  • Мелен ѓумбир Vegeta Maestro
  • 2 млади кромидчиња или свежи лисја од коријандер

Подготовка

1. чекор

Исечете ги морковите на тенки ленти и пржете ги во растопениот путер за да омекнат.

2. чекор

Посипете со мелен ѓумбир, залијте со вода, а потоа додајте ја содржината од ќесичката Талијанета рижото со пилешко и куркума.

3. чекор

Оставете да зоврие со лесно мешање. Гответе на средна температура 10 минути со постојано мешање.

4. чекор

Посипете го егзотично рижото со поголемо количество сечкан млад кромид или лисја од коријандер.

Послужување

Послужете со салата од краставици.

Совет

Можете исто така да подготвите рижото со друг зеленчук (целер, корен од целер, црвена пиперка ...).
Фесенжан (Fesenjan)
Фесенжан најдобро одговара послужен со варен ориз, а претходно наросен со семки од калинка.

Состојки

  • 1 пиле (исечено на 8 парчиња)
  • 3 лажици масло
  • 150 г ореви
  • 100 мл сируп од калинки Мелегранат
  • 50 мл Passata Podravka
  • 1 кокошкина коцка Podravka
  • ½ лажичка мелена куркума Vegeta Maestro
  • ¼ од лажичка мелен цимет Vegeta Maestro
  • ¼ лажичка мелено морско оревче Vegeta Maestro
  • 1-2 лажички шеќер
  • Сол
  • Црн бибер Vegeta Maestro
  • Свежа калинка за украсување
  • Ориз Басмати Zlato Polje за послужување

Подготовка

1. чекор

Сомелете ги оревите многу ситно. Ставете околу 750 мл вода на оган и кога ќе зоврие, додајте ги оревите и измешајте.

2. чекор

Намалете ја топлината и оставете да се готви на тивко околу еден час, додека маслото од оревите не исплива на површината. Полека долевајте мали количини вода и внимавајте да не ви загори.

3. чекор

Во меѓувреме, на загреано масло испржете ги парчињата пилешко, колку да добијат златна кора. Извадете ги од оган и покријте ги.

4. чекор

Кога ќе добиете масло од орев на површината од смесата, која во меѓувреме прилично ќе потемни, додајте го сирупот од калинки. Продолжете со готвење, мешајќи уште неколку минути.

5. чекор

Во смесата додајте домат, коцка за супа, калинка, куркума, цимет, сол , бибер и пилешко. Месото треба да биде целосно покриено со смесата од орев. По потреба додајте вода.

6. чекор

Гответе уште еден час на тивок оган со повремено мешање. Проверете дали на сосот му треба шеќер (сирупот од калинка може да биде многу кисел).

Послужување

Фесенжанот послужете го со варен ориз, а пред да го сторите тоа, наросете со семки од калинка.

Совет

Меландата можете да ја подготвите сами со вриење 250 мл сок од калинка сѐ додека не се намали на околу 5 супени лажици сируп.
Закрепнувачка супа со куркума
Топлата супа со зеленчук по ваш избор можете да ја подготвите и како самостоен оброк.

Состојки

  • 2 моркови
  • 1 праз
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 300 г компири
  • 1 - 2 лажички сол Салут со намалена содржина на натриум
  • Мелен црн бибер Vegeta Maestro
  • 200 г зелена боранија
  • 100 г конзервиран наут Podravka
  • 3 лажици црвени леќа (30 г)
  • ½ лажичка куркума Vegeta Maestro

Подготовка

1. чекор

Исечете ги морковите на кругчиња и ситно исечкајте го празот.

2. чекор

Ставете го морковот на загреано масло, кратко пропржете, додајте го празот, па иситнетиот лук.

3. чекор

Истурете околу 1 литар топла вода, додадете ги исецканите компири, лажичка Салут сол и бибер.

4. чекор

Гответе на умерена температура 10 минути, а потоа додајте ја боранијата, наутот и на крај црвената леќа. Гответе уште 10 минути за да омекне зеленчукот, додадете куркума и сол по потреба.

Послужување

Послужете ја топлата супа како самостоен оброк.

Совет

Наместо боранија, можете да додадете исечкан кељ.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Пред популарноста на модерната козметика девојките ја користеле куркумата за подмладување на лицето и за да ги отстранат несаканите влакна. Освен како што им обезбедувала чистина, овој жолт зачин и се погрижил и за тоа во текот на важната вечер девојките навистина да сјаат.

Луѓето секогаш почнуваат да ја подготвуваат „летната линија“ веднаш откако ќе затопли. Денес, подготовките се почести во спортски сали додека претходно вежбале во шуми, полиња и езера. Тие, исто така, наводно користеле куркума, која го забрзува метаболизмот и согорувањето на калориите.

Куркумата била спас за време на “оние денови од месецот.” Се зборувало дека нејзиниот екстракт може да ја намали менструалната болка. Тоа е причината зошто овој зачин станал многу популарен кај многу жени.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Во текот на историјата, освен како зачин и лековита билка, куркумата се користи и за боење на ткаенина. Поради оваа причина, некои попознати кинески и индиски дела изработени со ткаење, исто така, се избоени со помош на куркума.
Ако некогаш сте виделе слика на свадба каде лицето и рацете на невестата и младоженецот се покриени со жолтеникаво-кафеавкаста паста, тоа е всушност паста од куркума. Традиционално се користи со векови во свадбените ритуали во Индија.
Голема лажица куркума додадена во ладна вода може да послужи како „прва помош“ при стопирање на капењето на радијаторот, пред доаѓањето на водоводџијата.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки