Родната земја на копарот е Персија и источна Индија, од каде што одгледувањето се шири во Европа. Ова едногодишно растение, кое може да порасне и до 120 см, е украсено со тубуларни лисја и кафеави плодови. И плодот и лисјата можат да се користат како зачин.
Состојки
Прв сенвич
- 8 кришки пченичен леб од цели житарици
- 60 г путер (на собна температура)
- Vegeta Maestro мелен црн бибер
- Vegeta Maestro мелено морско оревче
- 40 г листови млад спанаќ (или рукола, поточарка...)
Втор сендвич
- 8 кришки бел леб
- 100 г крем сирење
- ½ лажичка Vegeta Maestro од иситнет копар
- 1 голема краставица за салата
Трет сендвич
- 8 кришки темен ржан леб
- 2 лажици мајонез
- 1 лажица кисела павлака
- ½ - 1 лажица хрен од Podravka
- 150 г тенки кришки чаден лосос
Подготовка
1. чекор
За првите сендвичи на путерот оставен на собна температура додадете му свежо мелен црн бибер и мелено морско оревче. Добро промешајте за да добиете кремаст намаз. Со путерот намачкајте ја едната кришка, додадете ги измиените и исушени лисја од спанаќ и покријте ја со преостанатата кришка.2. чекор
Притиснете ги сендвичите, отстранете ја корката од лебот и исечете ги на рамномерни правоаголници за да добиете осум мали сендвичи.3. чекор
За останатите сендвичи, додадете копар во крем сирењето и промешајте. Намачкајте го вака подготвеното сирење на четири пара кришки со бел леб.4. чекор
на половина од нив ставете им тенки парчиња краставици и покријте ги со преостанатите парчиња леб, така што намачканата страна е под краставиците. Исечете ја корката од лебот и исечете го секој сендвич за да добиете осум мини сендвичи.5. чекор
За третиот вид сендвич измешајте мајонез, павлака и хрен. На четири пара кришки од ржан леб намачкајте го вака подготвениот намаз.6. чекор
Распоредете парчиња лосос рамномерно на четирите кришки леб. Покријте ги со преостанатите кришки така што намачканата страна да дојде над лососот.Послужување
Исечете ја корката од лебот и исечете го секој сендвич за да добиете четири мини сендвичи.Совет
Ова е класичен британски сендвич кој се служи попладне.Состојки
- 4 филети лосос ( 600 g )
- ½ вреќичка Vegeta Natur за риба ( 15 g )
- Vegeta Maestro иситнет копар
- 3 млади тиквици
- Vegeta Maestro црн бибер
- сол
- 3 лажици маслиново масло
Подготовка
1. чекор
Лососот посипете го со Vegeta Natur за риба и додадете зачин копар.2. чекор
Ставете го лососот во сад за печење обложен со хартија за печење.3. чекор
Тиквиците изрендајте ги по должина, посипете им бибер, малку посолете ги и промешајте. Смесата ставете ја врз филетите лосос, па додадете маслиново масло.4. чекор
Ставете во рерна загреана на 180 °C и печете 15-тина минути.Послужување
Послужете го лососот со варени компири.Совет
Лососот немојте предолго да го печете, така ќе остане сочен како да е поширан. На тиквиците може да им додадете и 70 g бадемови ливчиња кои на ова јадење ќе му дадат крцкавост.Состојки
- 450 g млад грашок ( или смрзнат грашок Podravka )
- 250 g компир
- 2 лажици маслиново масло
- 150 g шунка
- 1 Fant мешавина за чорба и вариво
- ¼ лажица Vegeta Maestro копар
- 50 ml павлака за готвење
Подготовка
1. чекор
На загреано масло ставете ја исечената шунка и кратко пропржете. Потоа додадете грашок и компир исечени на коцки.2. чекор
Додадете 800 ml топла вода во која ќе ја истурите содржината од Fant вреќичката и убаво измешајте.3. чекор
Загрејте до вриење, а потоа варете на тивок оган 15 минути.4. чекор
Додадете копар и павлака за готвење.Послужување
Топлата чорба по желба послужете ја со кисела павлака.Совет
Наместо компир можете да ставите тестенини.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Старите Египќани го користеле, освен во медицински цели, и во производство на парфеми и друга козметика.
Се користел како лек за несоница и немирен сон. Чајот од копар, измешан со мед, се сметало дека го олабавува телото и го олеснува стресот.
Во античка Грција, семето од копар го користеле војниците за да заздрават рани, а маслото од копар се користело за производство на вино.