test test testff Оригано - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Оригано
lat. Origanum vulgare

Оригано е медитеранска, повеќегодишна билка позната по својот ароматичен мирис и вкус. По потекло од јужните делови на Европа, најчесто се користи во Италија, Америка и Мексико.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Оригано најдобро е да се додаде на крајот на готвењето за да се потенцира неговиот природен вкус. Ако користите сушено оригано, лесно стиснете го за да ги ослободите неговите есенцијални масла и ароми. Користете оригано за да подготвите маринади, бидејќи добро оди со маслиново масло, оцет, лук, босилек и магдонос. Исто така, препорачуваме да додадете оригано на риба печена со сол, со што ќе постигне посебен медитерански вкус. Многу често, се мешаат мајоран и оригано. Најдобро можете да ги разликувате со фактот дека мајоранот има сладок, цветен мирис и слатко - горчлив вкус, а ориганото има поинтензивна арома .
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
кекси со лимон и оригано
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Потпечена рикота
Млечниот производ на база на сурутка, специфичен за Италија, не ни претпоставуваше дека ќе стане неизбежен дел од нашата летна исхрана заради нејзината освежителна, кремаста текстура, благ вкус и ниска калоричност. Оригано и мајчина душица, маслиново масло и уште неколку состојки ќе ѝ дадат на печената рикота неодолив вкус.

Состојки

  • 500 гр сирење рикота
  • ½ лажичка лажичка оригано Vegeta Maestro
  • ½ лажичка лажичка сушена мајчина душица
  • 1 лажичка чили Vegeta Natur
  • 200 мл екстра девственото маслиново масло

Подготовка

1. чекор

Ставете го сирењето рикота на подмачкана тава (нека остане во формата на калапот), зачинете со зачини, чили Vegeta Natur и додајте маслиново масло.

2. чекор

Печете околу 15 минути во рерна загреана на 220° C додека не порумени сирењето.

3. чекор

Потпеченото сирење прелејте го со остатокот маслиновото масло.

Послужување

Служете со потпечен леб и салата од домати.

Совет

Ако во сезоната користите свежи зачини (оригано и мајчина душица), двојно зголемете ја нивната количина.  
Месни ќофтиња со пиперка во црвен сос
Кога состојките ќе ги искомбинираме на нов начин, овие ќофтиња од мелено месо измешани со коцкички пиперка ќе ви понудат веќе испробан вкус но сега како ново јадење.

Состојки

  • 1 Fant за полнети пиперки и сарма
  • 100 гр свежи црвени пиперки
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 60 мл маслиново масло
  • 100 гр кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 Pelat Podravka (400 гр)
  • 100 мл Passatа Podravka
  • Vegeta Maestro оригано
  • Vegeta Maestro босилок
  • 1 лажичка Vegeta
  • 1 лажичка шеќер
  • Vegeta Maestro црн бибер
  • 50 мл суво бело вино

Подготовка

1. чекор

Содржината на вреќичка Fant измешајте ја со 100 мл млака вода и оставете да отстои неколку минути.

2. чекор

Исечете ги пиперките на мали коцкички. На месото додајте му ги пиперките, подготвениот Fant и добро измешајте. Формирајте топчиња од смесата.

3. чекор

Ставете го исечканиот кромид на три лажици загреано маслиново масло, а кога ќе зарумени, додајте ги иситнетиот лук и мелените домати.

4. чекор

Потоа додајте го пасираниот домат, малку оригано и босилок, Vegeta, шеќер, бибер и бело вино. Гответе 10 минути за да добиете сос.

5. чекор

Во меѓувреме, на загреано масло во тава испржете ги подготвените ќофтиња додека не заруменат од надворешната страна. Полуготовите ќофтиња ставете ги во сосот, покријте ја тавата и оставете да се готват на ниска температура уште 20 минути.

Послужување

Послужете ги ќофтињата во сос со сварени тестенини и по желба посипете со пармезан.

Совет

Наместо пиперки, во ќофтињата можете да додатете рендани и исцедени тиквички.
Пица од компири
Компирот перфектно се сложува со овој италијански специјалитет. Проверете го ова и уживајте во јадењето со чаша пенливо вино.

Состојки

  • 8 големи компири
  • 3 лажички Vegeta Natur
  • 300 г шунка за пица
  • 500 мл Пасата од Podravka
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици Vgeta Maestro оригано
  • 300 г моцарела

Подготовка

1. чекор

Компирите добро измијте ги и исушете ги. Засечете го секој компир и во внатрешноста втријте Vegeta Natur универзал, ставете во сад за печење чие дно сте го прекриле со вода и печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени.

2. чекор

Извадете ги компирите и на секое парче компир ставете му шунка, залијте со пасираниот домат во кој сте додале маслиново масло и оригано, секој компир посипете го со рендана моцарела и запечете 7 минути, односно онолку долго додека моцарелата не се растопи.

Послужување

Послужете веднаш со чаша пиво.

Совет

За ваква, малку поинаква пица најдобри се младите компири.  

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Според легендите на старите грци, ориганото се користело како противотров, особено за каснувања од змија и се сметало за можно решение во борбата против акните и иритација на кожата.

Од друга страна, старите Римјани го користеле како мирис после капење и масло за масажа. Но и како средство за дезинфекција и конзерванс.

Можеби станува збор само за спортско суеверие, но се шпекулира дека е корисно за спортски повреди и болки во зглобовите, поради што е мит дека се користело во форма на масло за масирање на Олимпијците.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Името оригано потекнува од грчкиот збор „орос“ ( планина) и „ганос“ (среќа), па така изворното значење на зборот оригано е планина од среќа.  
Иако ориганото веќе во средниот век се прошири надвор од медитеранот, тој пристигна во Соединетите Американски Држави дури по Втората светска војна кога го донеле војниците кои биле стационирани во Италија.
Постои легенда според која слаткиот ароматичен мирис на ориганото го создала Афродита како симбол на среќата. Поради ова, свадбите на младенците традиционално се украсени со оригано.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки