test test testff Морско оревче - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Морско оревче
lat. Myristica fragrans

Морското оревче е зимзелено растение со потекло од островите „Moluccas“. Во поволни услови, стеблата може да растат и до 20 метри и да живеат до 100 години. Коската од плодот се крши дури по два месеци сушење за да се обезбеди семе - морско оревче.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Морско оревче може да го додадете во јадења со зеленчук, тестенини или сирење, особено добро се сложува со сирењето рикота. Од друга страна, пак, тоа е неопходен зачин во медењаци или овошни пити, особено со јаболка или вишни. Ако користите морско оревче во јадења од риба, особено ракчиња, треба внимателно да го додадете за да се избегне претерување со аромата. Бидејќи како зачин е чувствителен на топлина, најдобро е да го додадете на крајот од готвењето. Можете да ги купите цело или рендано морско оревче. Без разлика каква форма ќе одберете, мора да се чува подалеку од светлина и влага во цврсто затворен стаклен сад.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Специјалитет од наут и тиквици
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Мини „quiche“ со печурки и колбаси
„Mини quiche“ е едноставен за јадење и е одлична идеја за забави. Богатиот вкус на печурки, колбаси, слатка павлака и крем сирење рикота ќе ги задоволи и најпребирливите љубители на малите солени залчиња.

Состојки

За тесто:

  • 280 g остро брашно Podravka
  • прстофат сол
  • 1 лажица прашок за пециво Dolcela
  • 140 g путер
  • 100 g крем сирење

За фил:

  • 2 лажици масло
  • 60 g кромид
  • 300 g печурки
  • 1 чешне лук
  • 60 g сушен домат (потопени во масло)
  • 3 јајца
  • 300 ml слатка павлака
  • 100 g сирење Рикота
  • 50 g рендан пармезан
  • 1 лажица меко брашно Podravka
  • 2 лажици Vegeta Natur
  • Vegeta Maestro црн бибер
  • Vegeta Maestro морско оревче
  • 1 лажица Vegeta Maestro власец
  • 1 лажица исецкан свеж магдонос
  • 2 Крањски колбасици Podravka

Подготовка

1. чекор

Брашното измешајте го со солта, прашокот за пециво и додадете ладен путер, исецкан на ливчиња . Со електричен миксер измешајте ги состојките во компактна смеса и на крај додадете Рикота сирење и лажица млака вода, па измесете за да добиете мазно тесто.

2. чекор

Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете да стои во фрижидер 30 минути. Тестото размесете го на набрашнета површина, исечете го на кругови и ставете во намастени садови за пита (Ø 12 cm) така да се прекријат и рабовите.

3. чекор

На загреано масло ставете ситно исецкан кромид кој ќе го испржете до златна боја. Додадете ги исечените печурки, кратко испржете, додадете го исецканиот лук и исецканите сушени домати.Тргнете од оган и оставите да се излади.

4. чекор

Јајцата и слатката павлака измешајте ги добро, а потоа додадете Рикота сирење, пармезан, брашно, Vegeta Natur, мелен бибер, малку изрендано морско оревче, власец и магдонос. Додадете ги подготвените печурки, измешајте ги и ставете ги врз тестото.

5. чекор

Колбасите исечете ги на парчиња и наредете ги одозгора.

6. чекор

Печете во загреана рерна на 170 °C околу еден час, додека површината не стане румена, а тестото крцкаво.

Послужување

„Мини quiche-то“ оставете го малку да се олади пред послужување.

Совет

„Quiche“ со печурки и колбасици може да подготвите на идентичен начин и со лиснато тесто.
Крем супа од зеленчук
Морковот, тиквичките, брокулата и карфиолот сварете ги, изблендирајте ги и направете крем супа со помош на павлака и морско оревче.

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 50 g лук
  • 100 g морков
  • 200 g тиквици
  • 500 ml вода
  • 250 g брокула
  • 1 лажица САЛУТ сол со намалена количина натриум
  • ¼ лажица Vegeta Maestro мелен црн бибер
  • ¼ лажица Vegeta Maestro мелено морско оревче
  • 200 ml павлака за готвење

Подготовка

1. чекор

На загреано маслиново масло испржете ситно исецкан кромид се додека не добие златно жолта боја. Потоа додадете излупен и изрендан морков и тиквица.

2. чекор

Полијте со вода, додадете брокула и карфиол, Салут сол, бибер и морско оревче. Варете на тивок оган се додека зеленчукот не омекне.

3. чекор

Изматете со рачен блендер се додека не добиете кремаста супа.

4. чекор

На крај додадете павлака и оставете супата да зоврие.

Послужување

Послужете веднаш.

Совет

Наместо павлака на крај можете да додадете една лажица маслиново масло.
Кнедли од спанаќ со болоњезе сос
Подгответе ги кнедлите од спанаќ со болоњезе сос и послужете ги посипани со пармезан.

Состојки

  • 50 g замрзнат спанаќ Podravka
  • 250 g рикота сирење
  • 50 g рендан пармезан
  • 1 јајце
  • 20 g путер
  • ½ лажица Vegeta Maestro мелено морско оревче
  • 150 g меко брашно Подрaвка
  • Vegeta Maestro шарен бибер
  • 2 лажици путер
За сос:
  • 1 Fant за сос болоњезе
  • 50 ml бело суво вино

Подготовка

1. чекор

Спанаќот одмрзнете го и ставете го во густа цедалка за добро да се изцеди.

2. чекор

Во рикота сирењето додадете јајце и убаво измешајте за добро да се соединат.

3. чекор

Додадете го омекнатиот путер, пармезан, изцедениот спанаќ, морско оревче и добро измешајте

4. чекор

Со мешање додајте брашно за да добиете компактна цврста смеса.

5. чекор

Со помош на две лажици обликувајте кнедли и ставете ги на набрашнета површина. Ставете ги во зовриена солена вода и варете.

6. чекор

Исцедете ги кнедлите и ставете ги на 2 лажици загреан путер да се пржат додека не добијат златна боја.

7. чекор

Исцедете ги кнедлите и ставете ги на 2 лажици загреан путер да се пржат додека добијат златна боја.

8. чекор

Додадете вино и варете на тивок оган 5 минути со постојано мешање.

Послужување

Со подготвениот сос прелијте ги кнедлите, посипете со ливчиња пармзан и послужете.

Совет

При подготовката на сосот, дел од водата можете да ја замените со млеко.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Пред да се користи како зачин, морското оревче претежно се користи за зачинување на пиво.

Арапите веќе во 1 век го користеле морското оревче за отстранување на пеги и други несовршености на кожата на лицето.

Во времето на чумата луѓето го носеле со себе, со надеж дека ќе ги заштити. Чумата се шири преку болви, а морското оревче е моќен инсектицид, па затоа некои научници веруваат дека тоа всушност можело многу да им помогне во тоа време.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Во текот на средниот и раниот нов век, цените на морското оревче достигнаа астрономски нивоа. Еден германски ценовник од 14 век открива дека половина килограм од овој зачин вредел колку 7 големи волови.  
За неговата вредност во минатото говори фактот дека Португалците и Британците се бореле за контрола врз Молучките островите, а на крајот победникот продал еден од островите на Холанѓаните во замена за Менхетен.  
Во нормални количини, морското оревче има многу здравствени придобивки, но во големи количини делува како опијат и може да предизвика халуцинации.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки