test test testff Ловор - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Ловор
(lat. Laurus nobilis)

Тој потекнува од Азија, но често се наоѓа и на хрватскиот брег. Како зачин се користат листовите од ловорот кои најчесто се собираат во септември, а потоа се сушат на топло, заветарно место.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Внимателно дозирајте го ловоровиот лист поради неговиот интензивен вкус и арома. На пример, на еден килограм месо за гулаш е доволен само еден лист од ловор. Ако се обидете да го гризнете ловоровиот лист, тој нема карактеристичен вкус сам по себе, затоа треба да користите барем малку течност во подготовката за да ја ослободите неговата позната арома. Затоа, тој е речиси неизбежен зачин во сите сосови со медитерански вкус. Во подготовката на риба во рерна на секоја страна помеѓу рибата и тавата ставете ловоров лист. Освен што дава богата арома и вкус, го спречува лепењето на рибата за тавата.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Медитерански десерт со ловоров лист
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Швајцарска супа
Во омиленото тенџере испржете ситни парчиња шунка, варете ја супата и уживајте во карактеристичниот вкус и мирис.

Состојки

  • 1 лажица масло
  • 100 гр шунка во обвивка Podravka
  • 2 ловорови листови Vegeta Maestro
  • 1 литар вода
  • 1 Швајцарска супа Podravka

Подготовка

1. чекор

Кратко испржете ја исечена шунка во маслото, додадете ги ловоровите лисја и истурете во топла вода.

2. чекор

Кога ќе зоврие, додајте ја содржината на ќесичката со супа и гответе на тивок оган 10 минути во полупокриен сад и повремено мешајте.

Послужување

Отстранете ги листовите од ловор и веднаш сервирајте.

Совет

Ловоровиот лист ќе ѝ даде на швајцарската супа карактеристични вкус и арома.
Пикантен перкелт од мешано месо
Црвени лути пиперки во прав додадени во врелт перкелт со варен компир ќе даде нова димензија на пикантните и жешки залчиња.

Состојки

  • 4 лажици масло
  • 300 г свинско месо
  • 300 г говедско месо
  • 1 ловоров лист Vegeta Maestro
  • 1 Fant за гулаш и паприкаш
  • 100 мл бело вино
  • ½ лажичка лута пиперка Vegeta Maestro
  • 300-400 г варен компир

Подготовка

1. чекор

Исечете го месото на коцки.

2. чекор

Ставете го говедското месо на загреано масло, кратко пропржете, додајте го свинското пржете додека месото не добие убава боја.

3. чекор

Додајте го виното, малку вода, додадете го ловоровиот лист и динстајте со затворен капак додека месото да омекне.

4. чекор

Тргнете го од оган и додадете околу 700 мл вода и додајте ја содржината на ќесичката Fant.

5. чекор

Вратете на тивок оган.

6. чекор

Гответе уште 15 минути и додајте ги лута пиперка, во зависност од тоа колку луто сакате да биде јадењето.

Послужување

Служете го перкелтот со варени тестенини или варени компири што се додаваат во чинијата со супа кога служите.

Совет

Месото можете да го исечете на тенки резанки, наместо на коцки.
Шпагети со сос од домати, филети од скуша и наут
Служете ги шпагетите со сос од домати, филети од скуша и наут послужете ги веднаш топли во длабока чинија.

Состојки

  • 320 г шпагети Zlato Polje
  • 3 лажици маслиново масло
  • 40 г пармезан (или тофу)

Сос од домати:

  • 600 г свежи зрели домати
  • 30 г путер
  • 1 лажичка шеќер
  • 20 г меко брашно Podravka
  • 20 мл црно вино
  • 100 гр исцеден наут од конзерва Podravka
  • Медитеранско филе од EVA скуша (125 г)
  • Vegeta Maestro ловоров лист
  • Мелено морско оревче од Vegeta Maestro
  • Сол
  • Црн бибер Vegeta Maestro

Подготовка

1. чекор

Излупете ги доматите, извадете им ги семките и исечкајте ги.

2. чекор

Прво, подгответе го сосот со пржење на шеќерот на путер за да се карамелизира.

3. чекор

Додајте го брашното, пржете го кратко и додајте ги доматите. Истурете малку вода или зеленчук, црно вино, ловоров лист, морско оревче, мелен бибер, сол и оставете да врие се додека не се добие густ сос. На крај додадете ги филетите скуша и наутот.

4. чекор

Гответе ги шпагетите во солена вода (4 минути), исцедете, исплакнете со вода, додајте маслиново масло и промешајте.

5. чекор

Топлите шпагети прелијте ги со сос од домати, промешајте, посипете со рендан пармезан или тофу.

Послужување

Послужете ги веднаш топли во длабока чинија.

Совет

Наместо скуша, можете да подготвите филети од туна.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Според приказните, ловоровиот лист, често се користел од страна на мајките и бабите за да се справат со децата кои не сакале да јадат. Всушност, се сметало дека, варен во чајот, ловоровиот лист го стимулира апетитот, но неговата ефикасност никогаш не е докажана.

Ловорот со согорувањето ослободува специфични состојки кои наводно ни помагаат да го намалиме заморот и ни помагаат да се опуштиме. Велат дека тој се користел и во минатото како средство за спиење поради неговите состојки кои ја намалуваат нервозата и напнатоста.

Според кажувањата на нашите предци, чај од ловоров лист наводно е совршен против кашлица и бронхитис. 3 ловорови лисја прелијте ги со 2,5 ml вода и варете ги 10 минути. Оставете да отстојат уште десет минути, па додадете мед или лимон за вкус.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Во античко време, ловорот се сметал за „свето дрво“ - античкиот грчки бог Аполон честопати бил портретиран украсен со него, од каде што произлегла традицијата на оддавање на почест на воените херои токму со ловорови венци.
Ловорот и денес сеуште е симбол на слава и статус - меѓудругото, венецот го користи и Академијата за медицински науки при церемонијата на дипломирање.
На ловорот честопати му се припишувале и некои волшебни својства - римскиот император Тибериј се штител од грмотевици со венци на главата, а за време на чумата, Нерон престојувал исклучиво во неговата градина со ловорови лисја.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки