ЗАЧИНИ ЗА ИНСПИРАЦИЈА
Црн бибер
(lat. Piper nigrum)
Црн бибер е зачин кој настанува со готвење, сушење и мелење на незрели плодови на билката бибер. Тој потекнува од јужниот дел на Индија, а денес интензивно се одгледува во речиси сите тропски региони.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Додадете бибер пред самиот крај на готвењето или сервирањето за се зачува подобриот вкус на јадењето. Можете да го чувате подолг временски период, бидејќи не го губи својот квалитет и аромата кога се чува во добро затворен сад.
Кога употребувате или мелете бибер, бидете внимателни бидејќи со вдишување на правот може да ги изиритирате дишните патишта и тоа да доведе до болка и "напади" на кивавица.
Совршено се совпаѓа со навистина разновидни јадења - со својот интензивен вкус, му дава на месото сила, на јајцата и печурките им го истакнува вкусот, а на морските плодови им ја подобрува аромата.
Ако случајно претерате со црн бибер за време на подготовка на јадењето, додадете малку млеко или јогурт за да го разблажите неговиот интензитет и веројатно никој нема ништо да примети.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Намаз од наут
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ