Босилокот е едногодишна билка со плиток корен, попознатa како зачин. По потекло е од Индија, а денес е широко распространетa во поширокиот медитерански регион, поради што е неопходен прилог во медитеранската кујна.
Состојки
- 3 долги модри патлиџани
- Екстра девственото маслиново масло
- Сол
- 30 г пињоли
- 40 г златно суво грозје
- 1 чешне лук
- 1 кромид
- 80 г лебни трошки
- 1 лимон
- 2 лажици рендано пекорино (или друго зрело сирење)
- 1 лажица сечкан магдонос
- ½ лажичка босилок Vegeta Maestro
- 5-6 ловорови листови Vegeta Maestro
Подготовка
1. чекор
Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги по должина (со дебелина приближно 3 мм). Ставете ги во солена вода што врие и варете 4-5 минути. Исцедете ги и ставете на абсорбирачка хартија.2. чекор
За филот, во тава на 3 лажици маслиново масло испржете го исецканиот кромид до златножолта боја, додајте сечкан лук, сол, суво грозје, пињоли, сирење, лебни трошки, босилок и магдонос, промешајте и извадете го од оган.3. чекор
На секоја кришка модар патлиџан ставете лажица од филот и свиткајте во ролнички.4. чекор
Ставете во сад за печење, наизменично помеѓу ролните, ставете парчиња лимон пресечени на половина и 1 ловоров лист.5. чекор
Нанесете го преостанатиот фил, налејте малку маслиново масло и посипете со прстофат сол.6. чекор
Печете во рерна загреана на 180 ° C околу 30 минути.Послужување
Служете топло.Совет
Со ова сочно, вкусно јадење погодно за „finger food“, одлично ќе одговара фета сирење.Состојки
- 300 г тестенини (ригатони)
- Сол
- 1 модар патлиџан (околу 300 г)
- Масло за пржење (маслиново)
- 1 мал кромид
- 2 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- Малку мелено чили Vegeta Maestro
- 50 г пушен свински врат или пршута
- 50 мл црвено вино (или супа)
- 390 г сецкани домати Podravka
- ½ исечкан босилок Vegeta Maestro
- 100 г моцарела
- 40 г пекорино
Подготовка
1. чекор
Исечете го модриот патлиџан на коцки и пржете го во добро загреано масло.2. чекор
Кога ќе порумени, извадете го и оставете да се исуши на кујнска хартија.3. чекор
За сосот испржете го ситно исечканиот кромид во маслиново масло до златна боја.4. чекор
Додајте го иситнетиот лук, чилито и свинскиот врат исечен на мали коцки и пропржете неколку минути.5. чекор
Налејте вино и, откако малку ќе испари, додајте ги доматите. Динстајте 5 минути, зачинете со сол, а потоа додадете модар патлиџан и босилок.6. чекор
Ставете ги тестенините во зовриена солена вода.7. чекор
Кога ќе се готови, исцедете ги и ставете ги во тавата со сос додавајќи моцарела исечкана на коцкички.Послужување
Послужете ги топлите тестенини со сос со пекорино сирење и сервирајте.Совет
Маслото за пржење мора да биде добро загреано, за да не се апсорбира премногу.Состојки
- 400 г шпагети со јајца Zlato Polje
- Сол
- 1 крем- супа од домати со моцарела
- 4 лажици екстра девственото маслиново масло
- Оригано Vegeta Maestro
- босилок Vegeta Maestro
- 200 г урда
- 1 тиквичка
- 150 г шунка Podravka
- 50 г рендано сирење
Подготовка
1. чекор
Гответе ги шпагетите во солена вода и исцедете ги. Исечете ја тиквицата на коцки и кратко пропржете ја на 2 лажици маслиново масло.2. чекор
Содржината на ќесичката од крем супата од домати со моцарела истурете ја во 600 мл млака вода. Промешајте додека супата не зоврие.3. чекор
Гответе на умерена температура 5 минути постојано мешајќи. Додајте оригано, босилок и 2 лажици маслиново масло.4. чекор
Во подмачкана огноотпорна тава, ставете ги варените шпагети и прелијте со сосот. Промешајте нежно и по нив распоредете ги урдата, шунката и коцките тиквички.5. чекор
Наросете со рендано сирење и ставете во рерна загреана на 200 ° C околу 15 минути.Послужување
Послужете ги топли со зелена салата.Совет
Наместо шунка, можете да додадете исечени крањски колбаси.Состојки
За ќофтињата:
- 1 лажица маслиново масло
- 50 г кромид
- 1 лажичка Vegeta Natur
- 100 г булгур
- 300 мл вода
- 2 јајца
- 120 г бел грав во конзерва Podravka
- 40 г сечкани ореви
- Малку ким
- 2 иситнети чешниња лук
- ¼ каенски пипер Vegeta Maestro
- 2 лажици сечкан коријандер или магдонос
- Сол
- Мелен црн бибер Vegeta Maestro
- 2 лажици масло за печење
За сосот:
- 100 мл слатка павлака
- 2 лажици мајонез
- 1 лажичка сок од лимета
- 1 лажица сечкан власец
- Сол
Подготовка
1. чекор
Ставете го исечканиот кромид на загреано маслиново масло и пропржете го додека не добие златно- жолта боја.2. чекор
Додаjте Vegeta Natur, булгур и залејте вода. Гответе во покриен сад на тивок оган додека водата не се апсорбира (околу 15 минути).3. чекор
Ставете го булгурот во посебен сад и оставете малку да се излади.4. чекор
Изматете ги јајцата и заедно со исцедениот грав, ореви, ким, лук, каенски пипер и сечкан коријандер измешајте ги заедно со булгурот. Зачинете со сол, бибер и формирајте ќофтиња.5. чекор
Печете ги ќофтињата на подмачкана тава се додека не добијат златна боја.За сосот:
1. чекор
Измешајте слатка павлака со мајонез, сок од лимета и сечкан власец. На крајот, додајте сол по потреба.Послужување:
Послужете ги ќофтињата со подготвениот сос.Совет
Наместо бел грав, можете да употребите наут од конзерва која ако е добро сомелен ќе го врзе булгурот.Состојки
- 3 авокада
- 3 лажици сок од лимон
- сок
- Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro
- 400 гр чисти замрзнати опашки од шкампи
За сосот:
- 90 г мајонез
- 2 лажици милерам
- 1 и ½ лажица од доматно пире Podravka
- 1 лажица бренди
- Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro
За послужување:
- 6 лисја од зелена салата
- 1 лажица сечкан магдонос
Подготовка
1. чекор
Излупете ги авокадата, исечете ги на половина, извадете им ги семките, капнете им сок од лимон, зачинете ги со сол и бибер.2. чекор
Варете ги опашките од ракчиња во малку солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна да се изладат.3. чекор
Добро измешајте ги мајонезот, милерамот, доматното пире, брендито и каенскиот пипер.4. чекор
Со подготвениот сос измешајте ги варените опашки од ракчиња.5. чекор
Пополнете ја секоја половина авокадо со подготвениот сос со опашки од ракчиња.Послужување:
Полнетите авокада сервирајте ги на лист зелена салата и декорирајте со сечкан магдонос.Совет
Може да ги замените опашките од ракчиња со туна EVA од конзерва.Состојки
- 2 лименки бел грав Podravka (2 х 400г)
- 400 г суви ребра
- 3 лажици масло
- 200 г кромид
- 300 г свежи црвени пиперки
- Гранули од лук Vegeta Maestro
- Каенски пипер Vegeta Maestro
- 200 г свежи домати
- 1 лажичка мелена слатка пиперка Vegeta Maestro
- 1 лажичка Vegeta
- 2 лажици сечкан магдонос
Подготовка
1. чекор
Исечете ги сувите ребра на помали парчиња и варете ги. Зачувајте ја течноста во која се готвеле ребрата.2. чекор
Пропржете го исечканиот кромид во масло, прелијте го со течноста во која се вареше месото и гответе на тивок оган околу 15 минути.3. чекор
Потоа додадајте ги исечените свежи пиперки, лукот, каенскиот пипер и доматите. Гответе го зеленчукот околу 10 минути.4. чекор
Потоа додадете црвена пиперка, Vegeta и брашно. Прелејте сѐ заедно со околу 300 мл супа во која се готвеше сувото месо и варете.5. чекор
Ставете го гравот во соодветна тава за печење, додајте го пржениот зеленчук, варените ребра и нежно измешајте. По потреба додајте ја преостаната течност во која се вареше сувото месо или топла вода.6. чекор
Наросете една лажица сечкан магдонос и печете во рерна загреана на 200 ° C околу 25 минути.7. чекор
Извадете го печениот грав и, пред послужување, оставете го да отстои околу 10 минути.Послужување
Посипете врз гравот со преостанатиот магдонос, а по желба сервирајте со салата.Совет
Содржината на тавата со грав пред печење не треба да биде „пресува“.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Некои веруваат дека босилокот во храна или како чај помага при воспаление на внатрешните органи, односно го стимулира варењето на храната, го отвора апетитот, го елиминира воспалението, грчевите во желудникот и цревата.
Чајот направен од босилoк наводно помага при настинки, кашлица, астма и општо кај респираторни заболувања, бидејќи етеричните масла може да дејствуваат дезинфекциски и антибактериски. Ако пиете чај пред спиење, тој ви го олеснува сонот и ве смирува, ги отстранува немирот и нервозата.
Старите рецепти на нашите баби препорачуваат да ставаме гранчиња од босилек веднаш до креветот и така да ги растераме досадните комарци.