Месни ќофтиња со пиперка во црвен сос
Кога состојките ќе ги искомбинираме на нов начин, овие ќофтиња од мелено месо измешани со коцкички пиперка ќе ви понудат веќе испробан вкус но сега како ново јадење.
Состојки
- 1 Fant за полнети пиперки и сарма
- 100 гр свежи црвени пиперки
- 500 гр мешано мелено месо
- 60 мл маслиново масло
- 100 гр кромид
- 2 чешниња лук
- 1 Pelat Podravka (400 гр)
- 100 мл Passatа Podravka
- Vegeta Maestro оригано
- Vegeta Maestro босилок
- 1 лажичка Vegeta
- 1 лажичка шеќер
- Vegeta Maestro црн бибер
- 50 мл суво бело вино
Подготовка
1. чекор
Содржината на вреќичка Fant измешајте ја со 100 мл млака вода и оставете да отстои неколку минути.
2. чекор
Исечете ги пиперките на мали коцкички. На месото додајте му ги пиперките, подготвениот Fant и добро измешајте. Формирајте топчиња од смесата.
3. чекор
Ставете го исечканиот кромид на три лажици загреано маслиново масло, а кога ќе зарумени, додајте ги иситнетиот лук и мелените домати.
4. чекор
Потоа додајте го пасираниот домат, малку оригано и босилок, Vegeta, шеќер, бибер и бело вино. Гответе 10 минути за да добиете сос.
5. чекор
Во меѓувреме, на загреано масло во тава испржете ги подготвените ќофтиња додека не заруменат од надворешната страна. Полуготовите ќофтиња ставете ги во сосот, покријте ја тавата и оставете да се готват на ниска температура уште 20 минути.
Послужување
Послужете ги ќофтињата во сос со сварени тестенини и по желба посипете со пармезан.
Совет
Наместо пиперки, во ќофтињата можете да додатете рендани и исцедени тиквички.