Пилешко со кари на пакистански начин
Зачинетото пилешко подготвено на овој начин во вашата кујна ќе донесе допир на Пакистан. Мешавината од кари која може да содржи дури 30 различни видови зачини како коријандер, чили, куркума, кардамон, цимет, каранфилче и гарам масала ќе му подарат на ова пилешко незаборавно вкусно искуство.
Состојки
- 100 мл паста од кромид
- 60 мл масло
- 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
- 1 чешне лук
- 50 мл јогурт
- 1 лажичка мелен коријандер
- ½ -1 лажичка чили Vegeta Maestro
- ½ лажичка куркума Vegeta Maestro
- 100 ml Passatа Podravka
- 2-3 лажички сол
- 500 гр пилешко (без коски)
- 1 лажичка гарам масала
- 2 парчиња зелен кардамон
- 10 зрна црн бибер Vegeta Maestro
- 4-6 парчиња цело каранфилче Vegeta Maestro
- прстофат ким Vegeta Maestro
- 1 стапче цимет во кора Vegeta Maestro
- 1 лажица исечени свежи лисја од коријандер
- 1 зелена чили пиперка
Подготовка
1. чекор
Ако немате готова, пастатa од кромид сомелете ја во електричен сецко со додавање малку вода.
2. чекор
Пропржете ја пастата од кромид на загреано масло, додадете ѓумбир, иситнет лук, јогурт, коријандер, чили, куркума, доматно пире и сол.
3. чекор
Промешајте и додадете го исечканото пилешко.
4. чекор
Прелејте со малку вода, а потоа додадете гарам масала, кардамон, црн пипер, каранфилче, ким и стапче од цимет.
5. чекор
Гответе на умерена температура околу 15 минути додека пилешкото не омекне, а сосот да ја добие посакуваната густина.
6. чекор
Пред сервирање, посипете со свежи лисја од коријандер и исечкана чили пиперка.
Послужување
Послужете со варен ориз или леб без квасец.
Совет
Наместо паста од кромид, можете да употребите околу 70 гр кромид рендан на ситната страна од рендето.