Порчета (Porchetta) со спанаќ и наут
Интересна порчета со спанаќ и наут која станува вкусно и ново јадење без многу напор. Едноставно Fantастично!
Состојки
- 2,5 кг свински гради без коски со кожа (царско месо)
- Сол
- Црн бибер Vegeta Maestro
- 100 гр спанаќ
- 140 гр наут Podravka
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сушена мајчина душичка Vegeta Maestro
- 50 мл маслиново масло
- 100 мл бело вино или пиво
- 1 лажица Vegeta
Подготовка
1. чекор
Измијте го царското месо, исушете го со хартиена крпа, а потоа втријте Vegeta, сол и бибер во внатрешната страна, а сол само од надворешната страна.
2. чекор
Измијте го спанаќот и исечкајте го на помали парчиња, а потоа бланширајте го кусо во зовриена солена вода или ставете го на топла тава додека малку не потемни. Исцедете го добро и заедно со исцедениот наут, иситнетиот лук и мајчината душичка ставете ги во електричнo сецко. Сето тоа нежно иситнете го и додајте го во внатрешната страна на месото.
3. чекор
Внимателно завиткајте во ролат и врзете го со конец за готвење. Порчетата ставете ја во соодветна тава за печење, лесно прелејта ја со маслиново масло и ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 160 ° С.
4. чекор
Печете околу 2,5 часа, подлевајте со вино па засилете на 200 ° C и печете уште 20-25 минути за да добиете убава крцкава кора.
Послужување
Послужете со прилог по желба.
Совет
За време на печењето повремено по потреба додајте малку топла вода за месото да биде посочно.