Ѓумбирот е растение слично на оние од семејството лилјани со потекло од Кина. Тој е широко користен во кулинарството, како и во медицината и е еден од најискористените, но и најскапите зачини, бидејќи процесот на созревање трае многу долго, од 5 до 9 месеци.
Состојки
- 400 гр кромид
- 2-3 лажици масло
- 30 гр суво грозје
- 100 гр сливи
- 100 гр мед
- 100 гр кафеав шеќер мусковадо
- 200 мл црвено вино
- 100 мл вински оцет
- ½ лажичка мелен ѓумбир Vegeta Maestro
- ½ лажичка лук во гранули Vegeta Maestro
- ¼ лажичка мелено чили Vegeta Maestro
- Прстофат рендано морско оревче Vegeta Maestro
- Прстофат сол
Подготовка
1. чекор
Исечканиот кромид на резанки ставете го во тава, додајте масло и пржете го кратко на умерена температура за да омекне. Додајте суво грозје, на мали парчиња сечкани суви сливи, мед, шеќер, вино, оцет и зачини.2. чекор
Уклучете ја ринглата на умерена температура и гответе со повремено мешање додека не зоврие. Намалете ја температурата на најтивко и со непрекинато мешање гответе 20-30 минути или додека да се згусне Chutney.3. чекор
Готовиот Chutney додека е врел распоредете го во претходно добро измиени тегли. Затворете ги веднаш и оставете да се излади до собна температура.4. чекор
Чувајте го на суво и темно место и до два месеци.Послужување
Отворениот Chutney чувајте го во фрижидер и потрошете го во рок од неколку дена од отворањето. Послужете го Chutney подгреано (топло) со печено или похувано месо или со похувано, тврдо или сино сирење.Совет
По избор, можете да го замените кромидот со црвен кромид.Состојки
- 3 поголеми црвени јаболка (650 г)
- 60 г кромид
- 50 г сливи
- 50 г суво грозје
- 150 г кафеав шеќер мусковадо
- 175 мл вински оцет
- ½ лажичка мелен ѓумбир Vegeta Maestro
- ½ лажичка лук во гранули Vegeta Maestro
- ½ каенски пипер Vegeta Maestro
- ½ мелен цимет Vegeta Maestro
- прстофат рендано морско оревче Vegeta Maestro
Подготовка
1. чекор
Ставете ги исечените јаболка, исецканиот кромид, сувите сливи исечкани на помали парчиња, сецканото суво грозје, шеќерот, оцетот и сите зачини во еден сад.2. чекор
Укличете рингла на средна температура и гответе со повремено мешање додека не зоврие. Намалете на најниска темпратура и со често промешување гответе 30 минути или додека Chutney не се згусне.3. чекор
Готовиот Chutney, додека е врел, распоредете го во добро измиени стаклени садови. Затворете ги веднаш и оставете да се излади до собна температура.4. чекор
Чувајте на постудено и темно место и до еден месец.Послужување
Отворениот Chutney чувајте го во фрижидер и потрошете го во рок од неколку дена од отворањето. Послужете го Chutney загреан (топол) со печено месо, како свинско месо, телешко месо, па дури и пилешко или мисиркиноСовет
Chutney при послужувањето може одозгора да се нароси со пржени ореви или бадеми.Состојки
- 400 мл течен јогурт
- 400 ml минерална газирана вода
- 1 лажичка суво нане
- Црн бибер Vegeta Maestro
- ½ лажичка мелен ѓумбир Vegeta Maestro
- Сол
- Свежо нане за сервирање
- Кругчиња свежа краставица
Подготовка
1. чекор
Добро измешајте ги јогуртот и водата, а потоа додајте сушено нане, ѓумбир, сол и свежо мелен бибер. Добро изладете и послужете со главното јадење.2. чекор
Doogh често се служи со месо на скара, особено во текот на летото.Послужување
Doogh е освежителен персиски газиран пијалок од јогурт, нане и сода. Уживајте во овој традиционален ирански пијалок со јогурт кога ви е жешко или со вечера.Совет
За уште подобар вкус, можете да додадете исечкана свежа краставица.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Медицински е докажано дека го ублажува гадењето, па затоа бремените жени во античка Кина јаделе корен од ѓумбир во првите месеци од бременоста.
Во минатото, немало шампони наменети за борба против првут, така што наводно се користело масло од ѓумбир за оваа намена.
Ѓумбирот може да има релаксирачки ефект врз мускулите. Во минатото, тој се додавал во купки за да се стимулира циркулацијата по напорната физичка работа.