test test testff Каранфилче - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Каранфилче
lat. Caryophyllus aromaticus

Каранфилче е всушност зачин кој се прави од исушени пупки на дрвјата каранфил. Се берат само пред цветање, штом ќе имаат светло црвена боја. Тие потекнуваат од „Moluccas островите“, познати под името „острови на зачини“, бидејќи тие се дом на многу зачини кои се користат во модерното готвењето во целиот свет.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Бидејќи каранфилчето има интензивен вкус, потребно е постепено да се дозира, за да не преовладува во вкусот на храната. Каранфилче може да се купи во прав или како цела сушена пупка. Прашокот брзо ја губи својата свежина и мора да се користи во рок од шест месеци, а пупката ја губи својата свежина во рок од една година. Совршено го надополнува вкусот на многу јадења, посебна поврзаност има со јаболко. Додадете каранфилче во торта и пита од јаболка, како и различни сосови и пудинзи со јаболка.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
јајца Бенедикт
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Печено јунешко филе со агруми
Истражете ја магијата на слаткиот и малку лут вкус на празничното печење со агруми, бидејќи портокалот, кумкватот и калинката во комбинација со црн бибер ќе создадат вкус што ќе го засакате.

Состојки

  • 800 г филе од јунешко месо
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сол
  • Црн бибер Vegeta Maestro
  • 100 г панцета на резанки Podravka

За сосот:

  • 1 портокал
  • 50 г путер
  • 50 г кумкват
  • 2 лажици исчистени семки од калинка
  • 1 ѕвездест анис
  • 1 стапче цимет во кора Vegeta Maestro
  • 4 цели каранфилчиња Vegeta Maestro
  • ½ лажичка шеќер
  • 1 лажичка густин Dolcela
  • Сол
  • Црн бибер Vegeta Maestro

Подготовка

1. чекор

Исчистете го филето од јунешко месо од вишокот кожа. Потоа зачинете со сол, бибер, додајте масло и обложете го со резанките панцета.

2. чекор

Ставете го во тава за печење и печете во рерна загреана на 220 ° C околу 30 минути, додека панцетата не стане крцкава, а филето розово на средина.

3. чекор

За тоа време, на растопен путер додајте ги исфилетираниот портокал и кумкватот исечкан на парчиња. Додајте анасон, цимет, каранфилче, сол, бибер, калинка и шеќер. Пропржете неколку минути, а потоа додајте го густинот разматен во малку вода. Пропжете уште малку за да добиете сос.

4. чекор

Печеното филе оставете го да отстои 5 минути, а потоа исечете го и сервирајте го со сос од аргуми и прилог по желба (на пример, пире од компир и карфиол).

Совет

Важно е да ја контролирате должината на печење за да го задржите месото сочно и меко.
Паштета од црн дроб од гуска
Нежна комбинација на спротивности од слатко желе и солена паштета и ладно и топло искуство што во мала доза ќе резултира во идеален оброк за вљубени сродни души.

Состојки

  • 200 гр гускин црн дроб
  • 2 лажици масло
  • 25 гр путер
  • 50 гр кромид
  • 50 гр моркови
  • 100 гр печурки
  • 1 лажичка гранули од лук Vegeta Maestro
  • 2 лажици просо
  • ½ лажичка мајчина душица Vegeta Maestro
  • Сол
  • Шарен бибер Vegeta Maestro

За желе:

  • 125 мл црвено вино
  • 2 цели каранфилчиња Vegeta Maestro
  • 2 лажици шеќер
  • Кора од ½ лимон
  • 1 лажичка мелен желатин
  • Сол

Подготовка

1. чекор

Ставете го ситно исечканиот кромид во загреано масло и пржете го до златна боја. Додајте рендани моркови и ситно сечкани печурки. Пржете околу 5 минути, а потоа додајте го лукот во гранули, мајчина душица и исечканиот црни дроб од гуска.

2. чекор

Посолете, додајте бибер, долејте црно вино и гответе на средна температура 10 минути. Оставете малку да се излади, па измелете во електрична сечкалка за да добиете мазна паста.

3. чекор

Додајте го путерот и добро измешајте. Додајте повеќе путер, доколку е потребно, или разредете со слатка павлака.

4. чекор

Распоредете ја смесата во 2 малку подмачкани садови за суфле и пркријте ги со проѕирна фолија. Оставете да се излади 1-2 часа.

5. чекор

За желе во тенџере загрејте црвено вино до вриење. Додајте каранфилче, шеќер, прстофат сол, кора од лимон, нека проврие на кратко и тргнете го настрана.

6. чекор

Желатинот што сте го измешале со неколку лажици ладна вода, оставете го 10 минути да набабри, а потоа промешајте го со сѐ уште топлото вино да се раствори.

7. чекор

По 2-3 минути, извадете ги кората од лимон и каранфилчето, па прелијте ја лесно паштетата во садовите за суфле.

Послужување

Ставете во фрижидер за да се стегне желето, па послужете ја паштетата со кришки потпечен леб.

Совет

Наместо кора од лимон, можете да користите кора од портокал или лимета.
Чоколадни трошки
Омилената состојка, пудингот на Dolcela, имаше главна улога во наградниот натпревар „Кралицата на десертите за кралот на латино поп-музиката“. Овој рецепт се кандидираше за примамлива награда, билети за концертот на латино поп-кралот Енрике Иглесијас.

Состојки

Пудинг:

  • 80 г шеќер
  • 400 мл млеко
  • 1 кесичка пудинг со чоколадо Premium Dolcela

Crumble:

  • 50 г шеќер во прав
  • 40 г путер
  • 20 г остро брашно Podravka
  • 50 г мусли
  • 1 лажичка мелен цимет Vegeta Maestro

Овошен сируп:

  • 80 г цреша
  • 80 г малини
  • 100 г шеќер
  • 50 г путер
  • 50 мл ликер од цреша
  • ½ лажичка мелен цимет Vegeta Maestro
  • 2 парчиња цело каранфилче Vegeta Maestro
  • ½ лажичка кардамон во прав

Подготовка

1. чекор

Подгответе го сосот со лесно карамелизирање на шеќерот, додајте путер и овошје и кога сѐ ќе се соедини со карамелата, истурете го ликерот и додадете ги зачините.

2. чекор

Извадете ги зачините по околу 5 минути готвење и редуцирање на овошјето. Изматете со миксер и исцедете низ сито за да добиете чист сос без несакани трошки и изладете.

3. чекор

Crumble ја подготвувате комбинирајќи ги сите горенаведени состојки во еден сад и ситнејќи ги како трошки над садот за печење обложен со хартија за печење. Печете до румена боја околу 10 минути на 180 - 200 ° C.

4. чекор

Прашокот за пудинг измешајте го со шеќерот и додајте малку млеко. Преостанатото млеко ставете го да зоврие и измешајте со подготвената смеса.

5. чекор

Готовиот пудинг ставете го во чаши за десерт додека пудингот е сè уште течен, во средината на пудингот дозирајте го добиениот овошен сос од малина и вишни. Ставете во фрижидер за да се стегне.

6. чекор

Комбинирајте го шлагот со бурбон ванила во прав и изматете го. Сервирајте го ставајќи трошки crumble и шлаг на разладен пудинг и украсете со ливчиња чоколадо

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Од периодот на Елизабета до денес, се враќа традицијата на правење на помандер, миризливите топчиња составени од каранфилче закачено во портокал. Покрај ширење на пријатна арома, тие служат и како Божиќна декорација, која може да се обеси и на елката.

Одамна се познати неговите аналгетски својства, кои се особено корисни за забоболките. Цело каранфилче или вата натопена во масло од каранфилче ставете ја што е можно поблиску до заб кој ве боли или до воспалени непца.

Каранфилчето може да биде многу ефикасно во борбата против мравките. Поточно, ова растение има одбранбен механизам што го штити од овие мали животни.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Во престолнината во Кина, пред царот, било вообичаено да се држи каранфилче во устата против непријатен здив.
Поради својот интензивен мирис, каранфилчето е исклучително важна состојка во производството на многу познати машки и женски парфеми, како што се оние од Пако Рабан и од Дона Каран - Голд.
Каранфилчето некогаш беше највредниот зачин на светот и 1 кг од овој зачин вредеше дури за 1 г злато.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки