Каенски пипер е зачин кој е добиен со мелење каенски пиперчиња. Зрелите плодови имаат светло црвена боја и на скалата Scovill припаѓаат на категоријата на умерено лути пиперчиња. Ова растение се одгледува низ целиот свет, главно во Индија, Мексико и Источна Африка.
Состојки
За ќофтињата:
- 1 лажица маслиново масло
- 50 г кромид
- 1 лажичка Vegeta Natur
- 100 г булгур
- 300 мл вода
- 2 јајца
- 120 г бел грав во конзерва Podravka
- 40 г сечкани ореви
- Малку ким
- 2 иситнети чешниња лук
- ¼ каенски пипер Vegeta Maestro
- 2 лажици сечкан коријандер или магдонос
- Сол
- Мелен црн бибер Vegeta Maestro
- 2 лажици масло за печење
За сосот:
- 100 мл слатка павлака
- 2 лажици мајонез
- 1 лажичка сок од лимета
- 1 лажица сечкан власец
- Сол
Подготовка
1. чекор
Ставете го исечканиот кромид на загреано маслиново масло и пропржете го додека не добие златно- жолта боја.2. чекор
Додаjте Vegeta Natur, булгур и залејте вода. Гответе во покриен сад на тивок оган додека водата не се апсорбира (околу 15 минути).3. чекор
Ставете го булгурот во посебен сад и оставете малку да се излади.4. чекор
Изматете ги јајцата и заедно со исцедениот грав, ореви, ким, лук, каенски пипер и сечкан коријандер измешајте ги заедно со булгурот. Зачинете со сол, бибер и формирајте ќофтиња.5. чекор
Печете ги ќофтињата на подмачкана тава се додека не добијат златна боја.За сосот:
1. чекор
Измешајте слатка павлака со мајонез, сок од лимета и сечкан власец. На крајот, додајте сол по потреба.Послужување:
Послужете ги ќофтињата со подготвениот сос.Совет
Наместо бел грав, можете да употребите наут од конзерва која ако е добро сомелен ќе го врзе булгурот.Состојки
- 3 авокада
- 3 лажици сок од лимон
- сок
- Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro
- 400 гр чисти замрзнати опашки од шкампи
За сосот:
- 90 г мајонез
- 2 лажици милерам
- 1 и ½ лажица од доматно пире Podravka
- 1 лажица бренди
- Прстофат каенски пипер Vegeta Maestro
За послужување:
- 6 лисја од зелена салата
- 1 лажица сечкан магдонос
Подготовка
1. чекор
Излупете ги авокадата, исечете ги на половина, извадете им ги семките, капнете им сок од лимон, зачинете ги со сол и бибер.2. чекор
Варете ги опашките од ракчиња во малку солена вода, исцедете ги и оставете ги на страна да се изладат.3. чекор
Добро измешајте ги мајонезот, милерамот, доматното пире, брендито и каенскиот пипер.4. чекор
Со подготвениот сос измешајте ги варените опашки од ракчиња.5. чекор
Пополнете ја секоја половина авокадо со подготвениот сос со опашки од ракчиња.Послужување:
Полнетите авокада сервирајте ги на лист зелена салата и декорирајте со сечкан магдонос.Совет
Може да ги замените опашките од ракчиња со туна EVA од конзерва.Состојки
- 2 лименки бел грав Podravka (2 х 400г)
- 400 г суви ребра
- 3 лажици масло
- 200 г кромид
- 300 г свежи црвени пиперки
- Гранули од лук Vegeta Maestro
- Каенски пипер Vegeta Maestro
- 200 г свежи домати
- 1 лажичка мелена слатка пиперка Vegeta Maestro
- 1 лажичка Vegeta
- 2 лажици сечкан магдонос
Подготовка
1. чекор
Исечете ги сувите ребра на помали парчиња и варете ги. Зачувајте ја течноста во која се готвеле ребрата.2. чекор
Пропржете го исечканиот кромид во масло, прелијте го со течноста во која се вареше месото и гответе на тивок оган околу 15 минути.3. чекор
Потоа додадајте ги исечените свежи пиперки, лукот, каенскиот пипер и доматите. Гответе го зеленчукот околу 10 минути.4. чекор
Потоа додадете црвена пиперка, Vegeta и брашно. Прелејте сѐ заедно со околу 300 мл супа во која се готвеше сувото месо и варете.5. чекор
Ставете го гравот во соодветна тава за печење, додајте го пржениот зеленчук, варените ребра и нежно измешајте. По потреба додајте ја преостаната течност во која се вареше сувото месо или топла вода.6. чекор
Наросете една лажица сечкан магдонос и печете во рерна загреана на 200 ° C околу 25 минути.7. чекор
Извадете го печениот грав и, пред послужување, оставете го да отстои околу 10 минути.Послужување
Посипете врз гравот со преостанатиот магдонос, а по желба сервирајте со салата.Совет
Содржината на тавата со грав пред печење не треба да биде „пресува“.Tikvice u tankom tijestu
Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.
Каенскиот пипер се користел како прва помош наместо лепенка за рани. За неговата активна состојка се вели дека го изедначува крвниот притисок и се препорачува да ја испрскате раната со мешавина од вода и каенски пипер при крварење.
Овој егзотичен зачин се користел и како средство за ублажување на болка. Се верува дека капсаицинот ги блокира активните супстанции кои пренесуваат информации за болка во мозокот.
Исто како чилито, каенскиот пипер се користи за загревање на телото во екстремно ладни услови, бидејќи се верува дека неговите активни состојки го забрзуваат метаболизмот и ја стимулираат циркулацијата.