Брускети со рен и бифтек
Воодушевете го омиленото друштво со брускети подготвени на уникатен начин со одлични парчиња печено месо, црвено вино и чили.
Состојки
- 2 парчиња рамстек без коска (околу 500 г)
- 50 мл црвено вино
- 40 мл маслиново масло
- 2 лажички Vegeta Natur
- Сол
- Црн бибер Vegeta Maestro
- Mалку чили Vegeta Maestro
За намаз:
- 2 лажици хрен Podravka
- 1 лажица мајонез
- 2 лажици павлака
- 100 гр крем-сирење
- Сол
- Црн бибер Vegeta Maestro
- Mалку чили Vegeta Maestro
- 1 лажичка исцеден сок од лимон
- 120 г кромид
- Mасло за пржење
- 12 кришки од багет
- 1 лажица путер
- Исечкан власец за сервирање
Подготовка
1. чекор
Исчистете го месото од кожи и вишок маснотии и исечете го на многу тенки резанки.
2. чекор
За маринадата, измешајте црвено вино, маслиново масло, Vegeta Natur, сол, мелен бибер и малку чили. Прелејте го месото и покријте го да отстои најмалку 30 минути.
3. чекор
За намазот измешајте хрен, мајонез, павлака, крем сирење, сол, мелен бибер, чили и сок од лимон. Исечете го кромидот и испржете го на загреано масло се додека не стане златен. Потоа извадете го на кујнска хартија за да отстраните вишок маснотии.
4. чекор
На загреана грил-тава испржете ги парчињата леб, кои претходно се лесно премачкани со путер.
5. чекор
Исцедете го месото од маринадата и ставете го на загреана грил-тава. Кратко испржете од двете страни и ставете го на чинија и повторете ја истата постапка со остатокот од месото.
6. чекор
Ставете 1 лажица хрен на секоја кришка леб, распоредете го печеното месо и на врвот ставете го пржениот кромид.
Псолужување
Наросете со исечкан власец и сервирајте.
Совет
Рамстекот можете да го маринирате на подебели стекови, да го испечете во грил-тава, а потоа да го исечете на тенки парчиња.