test test testff Цимет - Зачини за инспирација | Вегета Маестро
Цимет
(lat. Cinnamomum verum)

Циметот расте во форма на дрво што може да се најде во природата, а не само на фармите. Неговите лисја и кората се користеле со векови, и тоа во форма на стапчиња или мелена, а понекогаш и како масло. Постои цејлонски цимет и касија цимет кои што првично успевале само во Бурма.

МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Можете да користите цимет за да ги надополните вкусовите на солена и слатка храна, а може да се користи и за зголемување на пикантноста на истите. Половина час пред тренингот, напијте се пијалок со цимет и мед за да го забрзате метаболизмот и да се чувствувате енергично. За подобрување на вкусот на гулашот со свинско или телешко месо, додадете во текот на готвењето една лажичка мелен цимет. Откако убаво се најадовте ви пречи лошиот здив и немате гума за џвакање? Не грижете се, изџвакајте парче цимет и лошиот здив ќе исчезне.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Слатки колачиња со цимет
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
Круши во вино
Ако сакате кулинарска авантура, овој страстен десерт е совршен и сочен избор на сензуален вкус на круша во вино со пенаст шлаг.

Состојки

  • 500 мл црно вино
  • 2 стапчиња цимет во кора Vegeta Maestro
  • 4 круши
  • 4 каранфилчиња
  • 2 ѕвездести аниси
  • 1 ванилин шеќер Dolcela
  • 100 г шеќер
  • 200 мл шлаг крем 5+ Dolcela

Подготовка

1. чекор

Додајте цимет, каранфилче, анасон, ванилин шеќер и шеќер во виното и загрејте до вриење.

2. чекор

Излупете ги крушите, задржувајќи ја нивната форма и рачката. Спуштете ги во виното и варете ги 15 - 30 минути (во зависност од тоа колку се сочни).

3. чекор

За време на варењето превртувајте ги крушите за да добијат воедначена боја. Оставете ги сварените круши да се изладат во виното.

4. чекор

Измиксирајте го шлаг 5+ до посакуваната цврстина.

Послужување

Послужете ги крушите со сос од вино со прилиг од шлаг.

Совет

Ако сосот е премногу течен, извадете ги крушите и варете го до посакуваната густина.
Сицилијански каноли
Пржено тесто со црно вино и темно какао исполнето со невообичаено вкусно крем –сирење со мирис на ванила и краеви наросени со чоколадни трошки или фстаци, е совршен сицилијански десерт кој ќе ги надмине сите ваши очекувања.

Состојки

  • 160 г меко брашно Podravka
  • Прстофат сол
  • ½ лажичка мелен цимет Vegeta Maestro
  • 25 г путер
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица какао во прав Dolcela
  • 30 мл црно вино

За кремот:

  • 250 гр прелив Mascarponata & Toffee Dolcela
  • 300 мл млеко
  • 200 мл слатка павлака
  • Масло за длабоко пржење
  • Чоколадни трошки
  • Сечкани фстаци

Подготовка

1. чекор

Во брашното додајте сол, јајце, омекнат путер и цимет. Измешајте ги какаото и шеќерот во црното вино и додајте брашно. Замесете цврсто, мазно, нелепливо тесто, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер барем 1 час.

2. чекор

Потоа расукајте го тенко тестото и исечете го на квадрати (или кругови со дијаметар 8 см). Потоа ставете го на подмачкан калап за каноли завиткајте ги краевите цврсто (со белка од јајце) за да не се отворат за време на печењето.

3. чекор

Пржете ги канолите на средно загреано масло додека не поруменат. Извадете ги на кујнска хартија за впивање за да ги отстраните вишокот маснотии. Кога малку ќе се изладат, извадете го калапот и целосно изладете ги.

4. чекор

За кремот, истурете 250 мл ладно млеко и слатка павлака во садот за матење и додадете ја содржината од мешавината за подготовка на десерти.

5. чекор

Матете со електричен миксер со средна брзина точно 1 минута за да го добиете десерт со соодветна густина.

6. чекор

Подготвените и изладени каноли наполнете ги со крем со помош на готварски шприц. Краевите со крем посипете ги со чоколадни трошки или фстаци.

Послужување

Пред да ги сервирате, на канолите наросете шеќер во прав.

Совет

Најлесен начин за филување на канолите е да ги пополните половина од една страна, а втората половина од другата страна. За калапи, користете метални цилиндри со должина од 15 см и дијаметар од 2 см.
Мини тартови со тиква
 Фино моделираните корпички со мелени бадеми поплнете ги со фил од џем од тиква, украсете со шлаг и уживајте во вкусот на слатката есен.

Состојки

За тесто:

  • 250 г остро брашно Podravka
  • 180 г меко брашно Podravka
  • Прстофат сол
  • 125 г шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер Dolcela
  • 1 лимон шеќер Dolcela
  • 1 јајце
  • 250 г путер
  • 150 г излупени и мелени бадеми

За фил:

  • 2 јајца
  • 340 г џем од тиква од Podravka
  • ¼ од лажичка мелен ѓумбир Vegeta Maestro
  • ¼ од лажичка мелено морско оревче Vegeta Maestro
  • ½ мелен цимет Vegeta Maestro
  • 280 мл млеко

За украсување:

  • Шлаг крем 5+ Dolcela

Подготовка

1. чекор

Измешајте ги брашната, додадете сол, шеќер во прав, ванилин шеќер, лимон шеќер, разматено јајце, путер на собна температура и замесете го тестото. На крај додајте ги и бадемите и ставете го тестото во фрижидер околу 60 минути.

2. чекор

Изладеното тесто расукајте го на набрашнета површина и исечете кругови со дијаметар од 10 - 12 см.

3. чекор

Ставете ги во калапи за пити (или калапи за мафини). Печете ги корпичките во рерна загреана на 180 ° C 10 минути, но треба да останат во светла боја. Количината на тесто е доволна за 24 корпички.

4. чекор

За филот изматете ги јајцата, додадете џем од тиква, ѓумбир, морско оревче, цимет и добро измешајте за да добиете изедначена смеса. На крај, постепено додавајте го млекото.

5. чекор

Смесата од тиква распоредте ја во корпичките. Печете во рерна загреана на 180 ° C околу 25 минути, сè додека не добијат златна боја.

Послужување

Изладете ги корпичките, украсете со шлаг, посипете со малку цимет во прав и сервирајте.

Совет

Бидејќи филот пред печење е течен, нанесете го полека, а тој со печењето ќе стане цврст.

Tikvice u tankom tijestu

Recept stiže iz turske kuhinje, a jelo je toliko fino da se usuđujemo prognozirati: osvojit će vas. Nabavite li gotove listove tijesta za savijaču, znatno ćete skratiti proces pripreme. Dakle, prepreka za užitak u jelu nema.

А што велат нашите предци?

Циметот некогаш беше основна состојка на многу козметички производи. Во комбинација со морско оревче се користи како браузер, а интересно е дека жените наводно, ги триеле усните со цимет со цел да постигнат поголема полнота. Поради тоа што предизвикува сушење на кожата, особено на усните, пред да се употреби, мора убаво да се хидратира кожата.

Во секое домаќинство треба да се најде простор за цимет – се вели дека е многу ефикасен во борбата против молци и мравки, а може да се користи и при подготовка на ароматични, есенцијални масла кои ќе го надополнат секој агол од вашиот дом со освежувачки и пријатен мирис.

Циметот долго време се користел во превенција и третман на многу болести. Се вели дека служи како заштитен фактор против невродегенеративни нарушувања како што се Алцхајмерова болест или Паркинсон, ги ублажува симптомите на артритис, го подобрува работењето на срцето и крвните садови и го забрзува заздравувањето на раните.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Циметот е еден од првите познати зачини - старите Римјани верувале дека мирисот на цимет е свет и честопати го палеле за време на литургиските церемонии, а неколку пати тој се спомнува и во Стариот Завет.
Во Данска, постои обичај невенчаните да се посипуваат со вреќи со цимет на својот 25-ти роденден. Оваа традиција датира од 16 век, кога трговците со зачини биле толку зафатени со работа што немале време да бараат партнерки.
Циметот во последните години се прослави како еден вид симбол на „човечка глупост“! Луѓето низ целиот свет го пробаа „предизвикот со цимет“, опасно јадење цимет што предизвикува проблеми со дишењето, иритација на грлото, па дури и задушување.

Ја почитуваме вашата приватност

За да работи правилно нашата страница и постојано за да ги подобруваме нашите услуги, ние користиме колачиња. Во случај да сакате да ја оневозможите употребата на колачиња, некои делови од страната може да станат недостапни. Прочитајте ги деталите во Услови за користење.

Типови на колачиња: Технички, Маркетинг

Поставки