ЗАЧИНИ ЗА ИНСПИРАЦИЈА
Куркума
lat. Curcuma longa
Куркума потекнува од семејството ѓумбир. Го наоѓаме во дивината на шумите во Јужна и Југоисточна Азија, а денес можеме да го купиме засебно или како една од состојките на мешавината на зачини скоро во секој агол на светот.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
За оптимална апсорпција на здравите состојки од куркумата, најдобро е да се меша со масти, бидејќи во нив лесно се топи. На овој начин, нејзината арома подобро ќе продре во храната.
Куркумата во кујната е многу практична, бидејќи таа им дава на јадењата убава жолта боја. Иако поради благиот вкус нема да ја превземе аромата на целиот оброк, но внимавајте на нејзиниот јак мирис.
Најдобро е да ги зачувате здравите својства на куркумата ако ја додадете на самиот крај од готвењето, а со тоа и нејзината арома ќе остане поинтензивна.
Иако шафранот се користи во многу рецепти, многумина го избегнуваат заради цената. Куркумата може да послужи како квалитетна замена затоа што бојата на јадењата ќе остане иста и вкусот нема да се промени многу.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Ориз со куркума
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ