ЗАЧИНИ ЗА ИНСПИРАЦИЈА
Ловор
(lat. Laurus nobilis)
Тој потекнува од Азија, но често се наоѓа и на хрватскиот брег. Како зачин се користат листовите од ловорот кои најчесто се собираат во септември, а потоа се сушат на топло, заветарно место.
МАЛИ СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА
Внимателно дозирајте го ловоровиот лист поради неговиот интензивен вкус и арома. На пример, на еден килограм месо за гулаш е доволен само еден лист од ловор.
Ако се обидете да го гризнете ловоровиот лист, тој нема карактеристичен вкус сам по себе, затоа треба да користите барем малку течност во подготовката за да ја ослободите неговата позната арома.
Затоа, тој е речиси неизбежен зачин во сите сосови со медитерански вкус.
Во подготовката на риба во рерна на секоја страна помеѓу рибата и тавата ставете ловоров лист. Освен што дава богата арома и вкус, го спречува лепењето на рибата за тавата.
НАЈДОБРО ОДГОВАРА СО ОВА ЈАДЕЊЕ
Медитерански десерт со ловоров лист
ОСТАНАТИ РЕЦЕПТИ
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ